„Не сте грди, туку немате пари“: Инфлуенсерка открива колку троши за да изгледа совршено

„Не, Џенифер Лопез не користи маслиново масло на нејзината кожа, најверојатно има направено фејслифтинг. За да изгледам совршено, имам потрошено 10.000 долари на пластични операции и 2.500 за филери и ботокс. Трошам по 2.000 долари месечно за фризер“, открива инфлуенсерка на која ѝ е „преку глава“ од жените кои лажат дека изгледаат совршено само поради гените, вежбањето и начинот на исхрана и не признаваат дека трошат цело богатство на третмани за разубавување.

influenserka-otkriva-kolku-pari-troshi-za-da-izgleda-sovrsheno-ne-ste-grdi-tuku-nemate-pari-01.jpg

Иако на сите ни е јасно дека зад совршените фотки на Инстаграм се кријат процедури и продукти кои чинат мало богатство, поради некоја причина, настојуваме да мислиме дека нереалните стандарди за убавина се достижни и за нас, „обичните“ луѓе.

Честопати слушаме совети од познати жени и инфлуенсерки кои влеат дека нивниот добар изглед се должи на здрава исхрана, вежбање, гени и слично.

Но, факт е дека во повеќето случаи, „во игра“ се многу повеќе фактори од исхраната и физичката активност.

Сакајќи да ѝ долови на јавноста колку всушност вложуваат познатите жени и инфлуенсерките во својот изглед, Блер, која и самата е инфлуенсерка, откри колку пари троши за да биде убава.

Во видео на Инстаграм таа споделува какви сè процедури има направено за да изгледа речиси совршено.

„Не сте грди, туку немате пари. Мразам што пораснавме со познати личности кои се преправаат дека нивниот изглед и грациозното стареење се благодарение на гените.

Не, Џенифер Лопез не користи маслиново масло на нејзината кожа, најверојатно има направено фејслифтинг“, пишува во описот.

„Во обид да бидам искрена со вас, еве ги сите процедури што ги имам направено и колку чинат.

Направив операција на носот во Турција, ме чинеше 3.5000 долари. Во цената е вклучен и еден ден престој во болница. Но, не ги вклучив летовите и хотелот.

Ботокси и филери – првпат си ставив ботокс пред неколку дена, па уште не сум сигурна како ќе изгледа. Но, имам ставено филери на усните трипати.

influenserka-otkriva-kolku-pari-troshi-za-da-izgleda-sovrsheno-ne-ste-grdi-tuku-nemate-pari-02.jpg

Фарба за коса и надградба – ми се допаѓа оваа боја бидејќи прави да се чувствувам како принцеза.

Гелни нокти – ги сакам овие нокти со руски маникир бидејќи забележав дека ми траат околу шест недели. Многу се скапи и маникирот и педикирот траат четири часа, но вреди.

Личен тренер – почнав да гледам резултати во теретана со личен тренер…“, стои во описот

influenserka-otkriva-kolku-pari-troshi-za-da-izgleda-sovrsheno-ne-ste-grdi-tuku-nemate-pari-02_2.jpg

Во видеото, пак, таа открива дека има дадено околу 10,000 долари за пластични операции на носот и градите и 2.500 долари за ботокс и филери.

Троши околу 2.000 долари месечно на фризер, 300 долари месечно за маникир и педикир, како и 100 долари за еден тренинг со личен тренер.

Погледнете го видеото ТУКА.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...
Темни дамки, подочници, несовршености - Славни дами кои покажаа како изгледаат без грам шминка (фото... Навикнати сме да ги гледаме познатите дами со шминка, беспрекорен тен, совршени ...
Пет грешки поради кои не ви помага ни најскaпиот антиперспирант во лето Ставате антиперспирант неколкупати во текот на денот без да ги исчистите пазувит...

Најчитани неделава