„Ботокс“ маска од две состојки е хит на ТикТок – Колку е ефикасна? (видео)

Таканаречената ботокс маска се прави од две состојки – ленено семе и вода – и иако можеби не заменува третман со ботокс, може да биде добра за кожата.

botoks-maska-od-dve-sostojki-e-hit-na-tiktok-kolku-e-efikasna-video-01.jpg

Ако користите ТикТок, можеби сте налетале на видео со таканаречената ботокс маска која инфлуенсерките си ја прават дома.

Станува збор за маска од само две состојки – ленено семе и вода – која наводно ја подмладува кожата.

Една од девојките која ја сподели маската е тиктокерката Викторија Бетиез, чие видео има милиони прегледи.

„Ова е ботокс што можете да си го направите дома. И, најдоброто е тоа што има две состојки – ленено семе и вода“, вели таа во видеото.

Таа вели дека поради состојките на лененото семе, маската ѝ дава сјај на кожата, а притоа го намалува црвенилото. Истовремено, маската има и подмладувачки ефект.

botoks-maska-od-dve-sostojki-e-hit-na-tiktok-kolku-e-efikasna-video02.jpg

За да ја направите маската ставете 2-3 лажици ленено семе во мало тенџере и залејте го со 2-3 чаши вода. Ставете го на оган и оставете да зоврие.

Откако ќе се излади, ставете го лененото семе во тенка ткаенина за да го прецедите. Од ова би требало да добиете смеса која наликува на гел.

Смесата треба да биде целосно изладена пред да ја нанесете на лице.

Темелно исчистете го лицето, па нанесете ја маската и оставете ја да се исуши. Откако ќе се исуши, исплакнете со вода.

@victoria__benitez

God i love this mask #flaxseedgel #flaxseed #health #natural #skincare

♬ original sound - victoria__benitez

Нормално, оваа маска не може да ги замени ефектите на ботокс.

Но, според дерматолог од Њујорк, лененото семе сепак е добро за кожата.

„Маските од ленено семе се добри за вашата кожа бидејќи се многу богати со влакна. Влакната од лен ја одржуваат кожата здрава бидејќи ја хидрираат.

Маската што е популарна на ТикТок се споредува со ботокс бидејќи има краткотраен ефект на затегнување на кожата. Течноста што се добива наликува на гел, па кога ќе се нанесе на кожата има привремен ефект на затегнување“, вели тој за The New York Post.

botoks-maska-od-dve-sostojki-e-hit-na-tiktok-kolku-e-efikasna-video03.jpg

Секако, секогаш е добро да се консултирате со дерматолог пред да пробате домашна маска, особено ако имате проблематична кожа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава