3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден

Дали сте се запрашале дека понекогаш можеби правите грешка при нанесувањето на парфемот, па затоа не ви трае долго? Овие лесни трикови не бараат посебно внимание, а може да ви помогнат да уживате во пријатниот мирис во текот на целиот ден.

lesni-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-cel-den-01.jpg

Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќе го користите, но сепак, по 20 минути да не можете да го почувствувате на вас.

Секако, зависи и од видот на парфемот, но експертите откриваат и три трикови кои се од витално значење, а може да ги откриете во продолжение.

ednostavni-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-cel-den002.jpg

Прво и најважно, од витално значење е да нанесете парфем на чиста кожа. Експертите препорачуваат да се стави на кожата лосион за тело без мирис, бидејќи хидрираната кожа подобро ќе го задржи мирисот и ќе обезбеди тој да трае подолго.

Уште еден трик кој ќе ви помогне парфемот на вас да го чувствувате преку целиот ден, е да го нанесете на облеката. Нанесете парфем на облеката која ја носите, но внимавајте да биде на безбедно растојание за да не ја извалкате. Парфемот на ткаенината ќе трае подолго отколку на кожата.

lesni-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-cel-den-03.jpg

На крај, експертите препорачуваат да ставите парфем на четката за коса и да поминете низ прамените. Исто така, важно е да не ставате парфем директно на косата затоа што содржи алкохол кој на долг рок може да ја оштети, предизвикувајќи кршење и расцветување на краевите.

Секако, мора да внимавате и како го чувате парфемот. Ако го чувате во бањата, кога се туширате, целата пареа и температурните разлики ќе го расипат парфемот многу побрзо отколку ако го складирате правилно.

lesni-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-cel-den-04.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава