Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома

Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи значајна разлика ако имате груби и испукани стапала.

vodich-za-vo-zima-kako-da-gi-odrzhuvate-vashite-stapala-meki-i-nezhni-za-vreme-na-studenite-denovi-01.jpg

Во период кога воздухот е постуден и сув, може да страда и нашата кожа. Дополнително, ветерот уште повеќе ја отежнува ситуацијата, при што од особена важност е да посветите поголемо внимание на негата на кожата.

Покрај лицето и дланките, не заборавајте да обрнете внимание и на стапалата кои во овој период може да страдаат доста.

Неколку совети за нега на стапала во постудените денови:

Хидратацијата е од голема важност

Не заборавајте доволно и добро да ги хидрирате вашите стапала. Најпрво, пијте многу вода во текот на денот, зашто внатрешната хидратација ќе ви помогне да го одржите нивото на влажност во стапалата и да спречите дополнителна сувост.

Покрај ова, користете соодветни кремови или лосиони чиишто состојки длабоко ќе навлезат во вашата кожа и ќе спречат сувост и пукнатини.

vodich-za-vo-zima-kako-da-gi-odrzhuvate-vashite-stapala-meki-i-nezhni-za-vreme-na-studenite-denovi-02.jpg

Купка за стапала со топла вода

Секојдневното потопување на стапалата во топла вода и тоа само неколку минути, може да ви направи значајна разлика ако имате груба и испукана кожа.

Потоа, исушете ги добро и нанесете хидратантен крем, при што ќе ги задржите меки и мазни.

Масажа во текот на денот

Ако сте во можност, во текот на денот масирајте ги стапалата со малку крем, при што ќе ја зголемите циркулацијата на крвта на тоа место и ќе ја ослободите мускулната напнатост.

Не ги заборавајте чорапите

За здрави и меки стапала во текот на постудените месеци, препорачливо е постојано да носите чорапи, а најдобро е да изберете пар од природни материјали како што е памукот.

vodich-za-vo-zima-kako-da-gi-odrzhuvate-vashite-stapala-meki-i-nezhni-za-vreme-na-studenite-denovi-06.jpg

Носете соодветни обувки

Секако, во зима треба да одберете чевли или чизми кои обезбедуваат соодветна изолација и заштита од студ и влага.

Изберете обувки изработени од материјали што „дишат“ и кои правилно одговараат на вашите стапала за да избегнете притисок кој може да ви направи дополнителни проблеми.

Хранете се здраво и правилно

Несомнено, правилната исхрана игра значајна улога за здравјето на вашата кожа, вклучувајќи ги и стапалата.

Консумирајте храна богата со маски киселини, витамини и минерали, како што е авокадо, јаткасти плодови и лиснат зеленчук.

Покрај ова, настојувајте и редовно да вежбате, така што ќе си ја подобрите циркулацијата на крвта.

vodich-za-vo-zima-kako-da-gi-odrzhuvate-vashite-stapala-meki-i-nezhni-za-vreme-na-studenite-denovi-04.jpg

Нанесете маска за стапала

За да имате здрави и мазни стапала, тогаш мора да одвоите време за да користите маски наменети токму за нив, кои ќе ги хидрираат и ќе ги одржуваат меки и мазни.

Како самите да подготвите маски за стапала во домашни услови?

Стапалата особено се сушат во текот на зимската сезона, што неретко резултираат со мртва кожа и пукнатини.

Во продолжение погледнете неколку маски за стапала кои може да ги подготвите самите во домашни услови, а не само што ќе ги хидрираат стапалата, туку и ќе ги нахранат за време на зимските месеци.

Најпрво, пробајте ја оваа лесна и евтина маска, за која ви треба 1 лимон, 4 лажички шеќер и половина лажичка сол. Измешајте ги овие три состојки додека не добиете смеса како паста. Потоа, нанесете од овој пилинг на вашите стапала пред да се бањате и оставете да делува околу триесетина минути. Потоа исплакнете темелно.

Лимонот ќе ви ги освежи стапалата и ќе ја отстрани лошата миризба. Шеќерот и солта, пак, ги ексфолираат и ја отстрануваат мртвата кожа. Покрај ова, лимонот има и антигабични својства.

vodich-za-vo-zima-kako-da-gi-odrzhuvate-vashite-stapala-meki-i-nezhni-za-vreme-na-studenite-denovi-07.jpg

Уште една маска која може да ја пробате е со гел од алое вера и вазелин. Потребни ви се 1 лажица гел од алое вера и 1 лажица вазелин - измешајте ги добро додека не добиете мазна паста. Нанесете ја маската на стапалата пред спиење, па оставете го да се впие во текот на ноќта.

Гелот од алое вера длабински ја храни и хидрира кожата, а вазелинот не само што ќе ви ги навлажни стапалата, туку и ќе формира заштитна бариера на кожата за да спречи понатамошно оштетување.

Покрај овие две, вреди да ја испробате и маската со кокосово масло и сол. Ставете 2 лажици кокосово масло во сад и 2 лажици сол. Измешајте ги добро и нанесете на стапалата пред да се туширате и оставете да делува околу триесетина минути. Потоа добро исплакнете.

Кокосовото масло ќе ги хидрира стапалата, а солта ќе ви помогне да ја отстраните мртвата кожа.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg