Продукти за убавина кои секоја Французинка ги има во својот несесер

Термална вода

Термалната вода има антиинфламаторни својства, ја смирува и омекнува кожата под стрес.

Крем со заштитен фактор за лице

Ова никако не го забораваат, неважно кое годишно време е.

Пилинг за коса

Пилингот за коса нежно ги чисти косата и главата, така што другите производи за нега на овој предел лесно продираат и даваат подобри резултати.

20-proizvodi-za-ubavina-koi-sekoja-francuzinka-gi-ima-vo-svojot-neseser-06.jpg

Крем за лице и основа во едно

Практичен производ кој ги спојува хидратантниот крем и основата за шминкање во едно е нешто што секоја Французинка го има во својот несесер.

Маскара

Кога не сакаат да ставаат повеќе шминка, Французинките нанесуваат само маскара која може да направи огромна разлика.

Палета со сенки за очи

Французинките секогаш одбираат палети за очи во кои има мат сенки за да се постигне ефектот на зачадено око, но и оние кои им даваат малку сјај на очните капаци. 

20-proizvodi-za-ubavina-koi-sekoja-francuzinka-gi-ima-vo-svojot-neseser-07.jpg

Тоник со салицилна киселина

Тоникот е чекор за нега на кожата кој често се прескокнува, но во Французинките го применуваат со цел да ја одржат кожата хидрирана и сјајна. Особено сакаат салицилна киселина, која ефикасно ги чисти порите и прави нежен пилинг.

Маска за очи

Маските кои веднаш го зацврстуваат и го подигнуваат пределот околу очите, а во исто време ги намалуваат темните кругови во овој предел, се задолжителен дел од францускиот несесер.

Сјај за усни

Французинките сакаат практични производи за шминкање кои имаат двојна намена. Сјајот за усни е одличен пример за ова - им дава прекрасен сјај на вашите усни, но исто така ги хидрира и омекнува вашите усни.

20-proizvodi-za-ubavina-koi-sekoja-francuzinka-gi-ima-vo-svojot-neseser-08.jpg 

Лак за нокти во неутрална боја

Француската естетика речиси секогаш е сведена на тезата „помалку е повеќе“, па генерално преферираат нокти во неутрални бои како крем, светло розова, млечна или боја на кожа.

Мицеларна вода

Французинките вложуваат многу во негата на кожата, а мицеларната вода е задолжителна. 

20-proizvodi-za-ubavina-koi-sekoja-francuzinka-gi-ima-vo-svojot-neseser-09.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Freepik.com



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...

Најчитани неделава