5 трикови за шминка и убавина кои ќе ви заштедат време (и пари)

Понекогаш шминкањето одзема многу време, а и сите производите не се евтини. Но, што ако можете самите да направите некои продукти (или да научите некој трик) со кои ќе заштедите и време, и пари?

6-trikovi-za-shminka-i-ubavina-koi-kje-vi-zashtedat-pari-i-vreme-01.jpg

Понекогаш трошиме многу пари (и време) за шминка и убавина. Но, постојат интересни трикови кои можете да ги применувате секојдневно и да си олесните, а притоа и да заштедите...

Па ако не сте слушнале за нив или досега не сте ги пробале, можеби треба да им дадете шанса.

Ќе се изненадите колку се ефикасни:

Совршена линија на горните усни

Наместо да нанесувате моливче на усните, направете совршена линија со кармин и конец за заби со рачка.

На конецот за заби ставете од карминот, па нанесете линија преку работ на горните усни (како на фотографијата).

Повторете ја постапката на двете страни од усната, па исполнете ја внатрешноста од усните со карминот.

Линиите од кармин што ги направивте на надусницата избришете ги со вата, а потоа ставете пудра и целосно покријте ги остатоците од карминот.

6-trikovi-za-shminka-i-ubavina-koi-kje-vi-zashtedat-pari-i-vreme-02.jpg

Лесен француски маникир

За овој трик ви требаат лак за нокти и виткач за трепки.

Ставете го виткачот за трепки на врвот на ноктот, па поминете со лакот на празната површина (како на фотографијата).

Оставете да се засуши барем една минута (за да не се размачка) , па тргнете го виткачот и продолжете со следниот нокт. Кога ќе ги завршите сите нокти, премачкајте ги со слој проѕирен лак.

6-trikovi-za-shminka-i-ubavina-koi-kje-vi-zashtedat-pari-i-vreme-06.jpg

Какао и пудра за мрсна коса

Сигурно многупати досега, кога косата ви била мрсна, на неа сте ставиле бебешка пудра.

Но, за да не ви остануваат бели траги од пудрата, измешајте ја со малку какао во прав, па дури потоа нанесете ја на коренот.

Смесата можете да ја ставите во соларник и така полесно да ја нанесете на коренот.

6-trikovi-za-shminka-i-ubavina-koi-kje-vi-zashtedat-pari-i-vreme-07.jpg

Домашен пилинг за тело

Со гел за туширање и шеќер самите лесно ќе направите домашен пилинг за тело.

Спојте ги двете состојки (количината е по ваша желба) и нанесете ја смесата на телото.

Убаво истријте го телото со пилингот, а потоа исплакнете го со вода.

6-trikovi-za-shminka-i-ubavina-koi-kje-vi-zashtedat-pari-i-vreme-03.jpg

Совршена линија над очите

Дали ви се случило 9 од 10 пати да ја згрешите линијата кога нанесувате туш или моливче на очите?

Пробајте го овој трик со чепкалка за уши, селотејп и туш или сенка за очи.

На чепкалката за уши ставете две парчиња селотејп така што ќе формираат мал триаголник (како на фотографијата).

Ставете ја чепкалката веднаш со работ на окото, па триаголникот пополнете го со туш, моливче или сенка за очи.

Потоа внимателно тргнете го селотејпот за да не ја размачкате линијата.

6-trikovi-za-shminka-i-ubavina-koi-kje-vi-zashtedat-pari-i-vreme-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава