Фризури и техники за фарбање со кои побрзо ќе си ја вратите природната боја на косата

За да ја имате вашата, природна боја на коса, треба да ја чекате косата да порасне. Но, постојат техники за фарбање и некои фризури кои малку ќе ве доближат до природната боја, па со тоа полесно ќе ја поминете транзицијата.

vi-zdodea-da-se-farbate-i-ja-sakate-nazad-vashata-prirodna-kosa-nachini-koi-kje-vi-pomognat-vo-procesot-01.jpg

Скоро секоја девојка кога ќе наполни доволно години за да може сама да носи одлуки, веднаш решава да ја промени бојата на косата.

Кога една жена сака некаква промена, секогаш прво на памет ѝ паѓа да ја промени бојата на косата.

Но истовремено, секоја жена која ја фарбала својата коса, барем еднаш добила желба да ѝ се врати нејзината природна коса.

Како побрзо да ја вратите вашата природна боја?

Обидете се со пократки фризури

Ако не сакате да се фарбате, единствениот начин да ја вратите природната боја е да ја почекате косата да порасне или да се потрстрижите пократко.

Девојките генерално се плашат од фризерските ножици, но боб-фризурата во последно време е сѐ попопуларна, па токму тоа може да ве натера да ја скратите вашата коса.

Препорачливо е да ги потстрижувате врвовите, додека на крајот не ја потстрижете целата фарбана коса од која сакате да се ослободите.

Освен тоа, косата ќе ви биде здрава и без расцветани врвови.

vi-zdodea-da-se-farbate-i-ja-sakate-nazad-vashata-prirodna-kosa-nachini-koi-kje-vi-pomognat-vo-procesot-02.jpg

Фарбајте се во вашата природна боја

Ова е еден од поочигледните начини да си ја вратите природната боја.

Најтешкиот дел е да погодите нијанса на боја која е иста како вашата природна, но доколку успеете, растот на коренот подоцна нема воопшто да се забележува.

Потоа можете да ја оставите да расте и да ја потстрижувате одвреме-навреме.

vi-zdodea-da-se-farbate-i-ja-sakate-nazad-vashata-prirodna-kosa-nachini-koi-kje-vi-pomognat-vo-procesot-04_copy.jpg

Направете балајаж

Кога косата ќе ви порасне доволно, а темниот израсток ќе почне да ве нервира, можете да направите третман кој многу ќе ја олесни транзицијата. 

Балајажот ќе ја освежи вашата коса, ќе го скрие растот и ќе ја подготви за промената што ја посакувате. 

Овој третман не мора ни да го правите многу често бидејќи подраснатите корени нема ни да се забележат, што значи брзо ќе ѝ се вратите на природната боја.

vi-zdodea-da-se-farbate-i-ja-sakate-nazad-vashata-prirodna-kosa-nachini-koi-kje-vi-pomognat-vo-procesot-05.jpg

Прамените се секогаш тренди

Ако вашата природна коса е посветла и сте решиле да ја обоите потемно, немојте дополнително да ја оштетувате со депигментација - особено не сами. 

Затоа одлучете се за посветли прамени кои ќе го сокријат растот на коренот, а преминот од темно на светло ќе биде постепен, но и многу поздрав.

Потоа само ќе треба да ја чекате да порасне.

vi-zdodea-da-se-farbate-i-ja-sakate-nazad-vashata-prirodna-kosa-nachini-koi-kje-vi-pomognat-vo-procesot-03_copy.jpg

Негувајте ја косата

За вашата коса побрзо да расте, важно е да ја негувате. 

Тоа значи дека освен шампон и регенератор, треба да изберете маска која одговара на вашиот тип на коса.

Погрижете се шампоните што ги користите да не содржат сулфати, бидејќи тоа е силно средство кое освен нечистотиите, ги уништува и здравите масла на вашиот скалп, па може да ја направи косата сува и испукана.

vi-zdodea-da-se-farbate-i-ja-sakate-nazad-vashata-prirodna-kosa-nachini-koi-kje-vi-pomognat-vo-procesot-06_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава