Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy Sandwich“?

Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка Нам Во. Сѐ што треба да направите е течното руменило, да го ставите во слоеви со друг продукт, односно како сендвич.

shminkerski-trik-za-suptilen-izgled-na-rumeniloto-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-znaete-li-shto-e-dewy-sandwich-01.jpg

„Сочен сендвич“ или на англиски Dewy Sandwich е најновиот шминкерски трик што ги освои социјалните мрежи.

Станува збор за техника која ќе ви помогне изгледот на руменилото на лицето да биде посуптилен и да не изгледате како само да сте нанеле дебел слој румена боја на јаболчниците.

Трикот за првпат беше споделен од страна на шминкерката Нам Во, a претставува комбинација на течна пудра и течно руменило за лице.

shminkerski-trik-za-suptilen-izgled-na-rumeniloto-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-znaete-li-shto-e-dewy-sandwich-03.jpg

Таа на Инстаграм сподели видео од трикот што, според неа, ќе ви помогне „да блескате однатре“.

Како што покажува во видеото, таа прво со апликатор нанесува течна пудра на лицето, а потоа врз пудрата става малку течно руменило.

За крај, повторно нанесува малку течна пудра врз руменилото, со цел да му даде посуптилен изглед и да направи румената боја на образите да изгледа поприродно и посуптилно.

shminkerski-trik-za-suptilen-izgled-na-rumeniloto-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-znaete-li-shto-e-dewy-sandwich-02.jpg

Според неа овој трик одговара за сите типови на кожа.

Погледнете го видеото и видете во што е трикот:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава