Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем)

По капењето убаво исушете го телото, а дури потоа облечете се

Откако ќе се искапете, важно е убаво да го исушите телото, особено во деловите каде што најмногу се потите.

Ако телото ви остане влажно по туширањето, се создава природна средина за ширење на бактериите, а потоа е доволно и малку да се испотите за да почне да се шири непријатен мирис околу вас.

8-trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-11.jpg

Вежбањето е полезно

Иако се потиме додека вежбаме, физичката активност не придонесува за непријатен мирис на телото.

Некои испитувања покажале дека редовното потење (при вежбање) помага да се задржи (или да се врати) природниот мирис на кожата.

8-trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-09.jpg

Стресот може да влијае на мирисот на телото

Непријатниот мирис на телото може да е резултат на стрес, нервоза, па дури и на недоволно спиење.

Многу често овој мирис го чувствуваме само ние, но тој е интензивен и непријатен, што прави да се чувствуваме неубаво.

Затоа, носете со себе влажни шамивчиња со пријатен мирис (не антибактериски), па кога ќе го почувствувате овој мирис, со шамивчињата избришете го телото или пазувите.

Другите можеби нема да забележат, но вие ќе се чувствувате попријатно.

8-trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-10.jpg

Заменете ги антиперспирантите со алтернативни производи

Сите дезодоранси и антиперспиранти немаат исто влијание на луѓето. Некои ви одговараат повеќе, други иако сте ги ставиле, како да немате ставено ништо.

Затоа, ако немате антиперспирант кој ви одговара, пробајте некој алтернативен производ кој ќе го направите самите - на пример, во шише со распрскувач ставете вода, ½ лажичка сода бикарбона, 1 лажичка јаболкиов оцет и неколку капки лимон.

Убаво измешајте ги состојките и течноста користете ја како природен дезодоранс. Доколку по едно-две користења не ви одговара на кожата, престанете да го користите.

8-trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-06_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...

Најчитани неделава