Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем)

Антибактериските сапуни може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат корисните микроорганизми на кожата, а нив да ги заменат бактерии кои се штетни и создаваат непријатен мирис. Што да правите, а што да избегнувате за секогаш да мирисате пријатно?

trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-01.jpg

Човечкиот нос има околу 400 различни типови рецептори со чија помош може да разликува различни мириси.

Преку мирисот можеме да откриеме многу работи и за луѓето - на пример, мирисот на кожата може да нè привлече кон некој потенцијален партнер (или да не одбие од него), да ни помогне да ја погодиме приближната возраст на некои луѓе или да дознаеме дали некој е можеби болен.

Телото преку мирисот навистина кажува многу. Па што да направите за секогаш да мирисате убаво? А што да избегнувате?

Ова се неколку трикови со чија помош вашето тело секогаш ќе мириса убаво (дури и без да ставите парфем):

Не консумирајте премногу црвено месо 

Според научниците, храната која најмногу ја јадеме влијае на природниот мирис на телото (односно на потта).

Па така, црвеното месо содржи многу киселини кои самото тело не е во состојба да ги разгради брзо, па затоа се задржуваат во мирисот на потта.

Меѓу храната која исто така влијае на непријатниот мирис на потта е и брокулата, па затоа е препорачливо да се јаде поради своите позитивни својства, но тоа да не биде во многу големи количини или пречесто.

Експертите препорачуваат да јадете повеќе свежо овошје (јаболка, на пример) или пак да внесувате есенцијално масло од пеперминт, а со тоа да го подобрите природниот мирис на кожата.

8-trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-05.jpg

Мирис на облеката

Понекогаш непријатниот мирис не доаѓа од телото, туку од облеката.

Затоа е препорачливо парчињата што се залепени директно на вашето тело да ги перете по само едно носење.

Испотената облека превртете ја наопаку пред да ја ставите во машината за перење за подобар ефект.

8-trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-02.jpg

Избегнувајте антибактериски сапуни

Без оглед колку често и да се туширате, постојат бактерии кои остануваат на кожата.

Ова и не е лошо, бидејќи некои од нив создаваат природни ароми кои го разликуваат мирисот на една од друга човечка кожа (а природниот мирис на кожата им е привлечен на многу луѓе).

Токму затоа треба да ги избегнувате антибактериските сапуни, бидејќи може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат корисните микроорганизми, а нив да ги заменат бактерии кои се штетни и кои создаваат непријатен мирис.

8-trikovi-so-koi-sekogash-kje-mirisate-ubavo-duri-i-bez-parfem-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...

Најчитани неделава