Алтернативи за сув шампон кои ќе ве „спасат“ во последен момент

Пченкарниот скроб неретко се среќава во нашите кујни, а е уште една евтина и добра алтернатива за сув шампон. За да го нанесете, ставете малку на местата каде што косата ви изгледа безживотно и четкајте за убаво да се разнесе и да не остави видливи траги.

Alternativi-za-suv-shampon-koi-kje-ve-spasat-vo-posleden-moment-05.jpg

Масната коса е проблем со кој се мачат многумина. Во моментите кога немате време за миење на косата, сигурно посегнувате по сувиот шампон кој секогаш е тука да ве „спаси“ во последен момент.

Но, кога на косата ѝ треба освежување, а при рака немате сув шампон, тогаш може да размислите за негови алтернативи кои ќе ви помогнат во последен миг.

Погледнете неколку корисни алтернативи на сув шампон кои се едноставни и брзи:

Бебешка пудра

Бебешката пудра делува слично како и сувиот шампон. Таа има моќ да ја апсорбира маснотијата од косата, но, бидете внимателни со нејзиното користење зашто може да остави бели траги, што особено е забележително на потемна нијанса на коса.

Сода бикарбона

Содата бикарбона може да биде ефикасна за брзо освежување на косата.

Но, поради нејзината висока pH-вредност, важно е да ја користите умерено за да се избегне потенцијална иритација или оштетување на скалпот и косата.

Исто како и со бебешката пудра, и со содата внимавајте зашто може да остави бели трагови.

Alternativi-za-suv-shampon-koi-kje-ve-spasat-vo-posleden-moment-04.jpg

Пченкарен скроб

Пченкарниот скроб неретко се среќава во нашите кујни, а е уште една евтина и добра алтернатива за сув шампон.

За да го нанесете, ставете малку на местата каде што косата ви изгледа безживотно и четкајте за убаво да се разнесе и да не остави видливи траги.

Какао

Какаото во прав може да биде исто така алтернатива за сув шампон, а особено е добра опција за оние со кафеави нијанси на коса.

Користете што е можно помалку прашок и поминете добро со четката за коса за рамномерно да го разнесете.

Alternativi-za-suv-shampon-koi-kje-ve-spasat-vo-posleden-moment-03.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава