Маска за лице од смокви за помазна и поблескава кожа

Без разлика дали ќе се одлучите да ги консумирате или да ги нанесете на лицето во форма на маска, ова овошје богато со антиоксиданти ќе ја направи вашата кожа мазна и подмладена.

maska-za-lice-od-smokvi-za-pomazna-i-pobleskava-kozha-01.jpg

Смоквите се одличен извор на растителни влакна и содржат витамин А, калциум, железо и други хранливи материи.

Слатки се и вкусни, а покрај нивното консумирање, тие се и добар избор кога станува збор за маските за нега на кожа.

Всушност, ваквите маски лесно се подготвуваат, треба да одвоите само малку време за релаксација и разубавување.

Потребни состојки:

  • Една голема или две помали смокви
  • Една мала лажичка мед или јогурт (по ваш избор)

Начин на подготовка:

  1. Смоквата пресечете ја на половина, па извадете ја внатрешноста и добро изгмечете ја.
  2. Додајте малку мед и јогурт.
  3. Нанесете ја маската на лицето и почекајте 3-5 минути пред да ја измиете со вода

Совет плус: Доколку немате свежи смокви, за оваа маска за лице може да користите и суви смокви.

Едноставно, измешајте две или три суви смокви во блендер, со доволно количество вода за да направите маска која може лесно да се нанесува на кожата.

maska-za-lice-od-smokvi-za-pomazna-i-pobleskava-kozha-02.jpg

Зошто се корисни смоквите?

Без разлика дали ќе се одлучите да ги консумирате или да ги нанесете на лицето во форма на маска, ова овошје богато со антиоксиданти ќе ја направи вашата кожа мазна и подмладена.

maska-za-lice-od-smokvi-za-pomazna-i-pobleskava-kozha-04.jpg

Присуството на витамин Ц во смоквите исто така ќе направи вашата кожа да блеска.

Медот, пак, ви помага да ја задржите влажноста на кожата, кој, кога се нанесува во комбинација со смоквите, ја подобрува текстурата на кожата.

maska-za-lice-od-smokvi-za-pomazna-i-pobleskava-kozha-03.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава