Најчести грешки со шминка според формата на лицето (и како да се нашминкате правилно)

Ако имате кружно лице и нанесувате руменило на јаболчниците, лицето ќе ви изгледа пошироко.

najchesti-greshki-pri-shminkanje-spored-formata-na-liceto-i-kako-da-se-nashminkate-pravilno-01.jpg

Важно е да ја земате предвид формата на лицето кога се шминкате бидејќи кај секоја форма треба да се истакнат различни карактеристики.

Ако имате овално лице, можете да експериментирате со скоро сè.  Ако имате кружно лице, фокусирајте се на тоа да ги дефинирате контурите.

Доколку имате лице со форма на квадрат, треба да ги омекнете контурите. Ако имате лице во форма на срце, треба да создадете рамнотежа помеѓу брадата и челото.

Ако имате долгнавесто лице, треба да создадете илузија на пошироко и пократко лице.

najchesti-greshki-pri-shminkanje-spored-formata-na-liceto-i-kako-da-se-nashminkate-pravilno-06.jpg

Најчестите грешки според формата на лице:

Кружно лице

Ако нанесувате хајлајтер директно на јаболчниците, лицето ќе ви изгледа пошироко. Наместо тоа, нанесувајте го над јаболчниците.

Лице со форма на квадрат

Ако го контурирате лицето со многу темна нијанса, ќе ги нагласите острите линии.

Контурирајте со нијанса многу слична на пудрата и не оставајте контрастни линии.

najchesti-greshki-pri-shminkanje-spored-formata-na-liceto-i-kako-da-se-nashminkate-pravilno-05.jpg

Овално лице

Не треба да претерате со контурирање бидејќи ќе ја нарушите природната хармонија на лицето.

Доволно ви е хајлајтер на јаболчниците.

Лице во форма на срце

Ако ставите многу хајлајтер на челото, ќе направите да изгледа поголемо.

Наместо тоа, истакнете ги брадата и oбразите за да создадете рамнотежа.

Долгнавесто лице

Ако ставите руменило под јаболчниците или на образите, лицето ќе ви изгледа подолго.

najchesti-greshki-pri-shminkanje-spored-formata-na-liceto-i-kako-da-se-nashminkate-pravilno-02.jpg

Каде да нанесете руменило според формата на лице?

Ако имате кружно лице, нанесете руменило над јаболчниците и размачкајте го кон слепоочниците.

Ако имате овално лице, фокусирајте се на јаболчниците и размачкајте го руменилото малку нагоре.

Ако имате лице со форма на квадрат, нанесете руменило малку над јаболчниците размачкајте го кон надворешната страна.

Ако имате лице во форма на срце, ставете го руменилото под јаболчниците и размачкајте го кон слепоочниците.

Ако имате долго лице, нанесете го руменилото на јаболчниците.

najchesti-greshki-pri-shminkanje-spored-formata-na-liceto-i-kako-da-se-nashminkate-pravilno-03.jpg

Совети за шминкање очи според формата на лице

На овално лице, најдобро изгледа нежна светкава сенка на средниот дел на капаците, во комбинација со потемна сенка на погорниот.

Ако имате кружно лице, нанесете темна сенка на надворешниот дел од окото и размачкајте ја кон внатре.

Ако имате лице во форма на срце, нагласете ја го внатрешниот дел на окото, а на капаците ставете понеутрална нијанса.

Ако имате лице со форма на квадрат, ставете посветла сенка на капаците и малку потемна нијанса на надворешниот раб од окото.

Ако имате долгнавесто лице, нанесете светкава сенка на капаците и малку потемна нијанса на надворешниот раб.

najchesti-greshki-pri-shminkanje-spored-formata-na-liceto-i-kako-da-se-nashminkate-pravilno-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава