Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата бунда“

Начин на исхрана

Во принцип, можам да кажам дека ниедна храна не ми е забранета.

Но, за изгледот важна улога игра количината на секоја храна што треба да се консумира.

Важноста на правилната исхрана не се рефлектира само на надворешниот изглед на телото, туку и на здравствената состојба.

Па затоа избирам секогаш да јадам здраво.

А кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутината, внимавам тоа да е балансирано.

Јадам готвена храна и најчесто јас ја подготвувам, не само за мене туку и за цело семејство.

Брзиот начин на живот ни дозволува понекогаш да седнеме и да консумираме од приготвената храна во некој од рестораните.        

maja-gligorovska-za-stilot-i-ubavinata-ne-odam-na-pat-bez-mojata-bunda-od-nerc-06.jpg

Спортски активности и фитнес

Во денешниот свет на брзо темпо на живеење, јас наоѓам време и да спортувам, бидејќи исто како и храната, така и спортот е основа за добра здравствена состојба.

Најчесто одам во теретана. Вежбам сама, но понекогаш ги слушам и советите на тренерите кои работат таму.

Знам да се качам и на Водно, бидејќи ми влијае позитивно на намалувањето на стресот.

Вежбам од кога знам за себе, но исто така знам и да паузирам некој период и тоа да трае неколку месеци.

maja-gligorovska-za-stilot-i-ubavinata-ne-odam-na-pat-bez-mojata-bunda-od-nerc-26.JPG

Погледнете галерија со повеќе фотографии од Маја:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава