Брчки, седи влакна - Како изгледаат одблизу лицата на светските ѕвезди?

На фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи, светските ѕвезди изгледаат совршено - мазна кожа, перфектна шминка, идеална фризура. Но, како е во реалноста?

brchki-sedi-vlakna-kako-izgledaat-odblizu-licata-na-svetskite-dzvezdi-01.jpg

Несовршеностите кои доаѓаат со годините (и покрај естетските корекции), жените не можат да се сокријат со шминката.

Напротив, тешката шминка често ги нагласува брчките на лицето или ја нагласува сувата кожа.

Има и такви, кои, колку и да се трудат или колку и да се „тазе“ фарбани, не можат да ги скријат седите влакна.

Ова е одлика на сите жени, а исклучок не се ни ѕвездите?

Па, како навистина изгледаат лицата на некои познати дами, на фотографиите направени одблизу, а на кои нема фотошоп и филтри за измазнување?

Деми Мур

На 62 години Деми Мур има совршена фигура, но и по некое седо влакно (кое вешто го крие) и брчки околу очите.

brchki-sedi-vlakna-kako-izgledaat-odblizu-licata-na-svetskite-dzvezdi-02.jpg

Анџелина Џоли

Иако е секогаш средена и без пресилна шминка, бидејќи е многу слаба, на челото на Анџелина одблизу се забележуваат испакнатите вени.

brchki-sedi-vlakna-kako-izgledaat-odblizu-licata-na-svetskite-dzvezdi-03.jpg

Никол Кидман

Актерката е критикувана дека има направено премногу естетски корекции за затегнување на лицето, но и покрај тоа брчките околу очите и линиите околу носот се навистина забележливи.

brchki-sedi-vlakna-kako-izgledaat-odblizu-licata-na-svetskite-dzvezdi-06.jpg

Аријана Гранде

Пејачката и актерка неодамна призна дека престанала да користи филери и да става ботокс.

Па иако има природен изглед, Аријана е многу ослабена, а тоа најмногу се забележува на вратот.

Фановите ги коментираат и нејзините асиметрични веѓи и тврдат дека се исцртани, а не природни.

brchki-sedi-vlakna-kako-izgledaat-odblizu-licata-na-svetskite-dzvezdi-05.jpg

Мишел Јео

Оскаровката секогаш има минимална шминка со која ги нагласува очите.

Токму затоа многумина се изненадени што на 62 години не се крие под тешка пудра, туку јавно ги покажува сите несовршености и брчки.

brchki-sedi-vlakna-kako-izgledaat-odblizu-licata-na-svetskite-dzvezdi-04_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава