6 грешки во рутината за убавина со кои несвесно си ја оштетувате кожата
Правите пилинг секој ден и ја отстранувате шминката со влажни марамчиња – кои чести грешки можат да ви создадат проблеми со кожата?
За здрава кожа, не мора да трошите цело богатство на скапи продукти и третмани.
Денес се достапни безброј кремови, серуми и што уште не по прифатлива цена кои се идеални за нега на кожа.
Но, ако правите некои грешки, дури ни најскапите продукти нема да ви бидат многу од корист.
Дел од грешките со кои несвесно си ја оштетувате кожата:
Многу често правите пилинг
Пилингот ги отстранува мртвите клетки и ја обновува кожата, но ако го правите многу често, ќе си создадете иритација.
Никако не треба да правите пилинг секој ден, туку еднаш-двапати неделно.
Не ги чистите четките за шминкање
На четките за шминкање остануваат не само шминки, туку и бактерии и маснотии од вашата кожа.
Кога не ги чистите, бактериите и маснотиите на нив можат да ги затнат порите на кожата и да ви предизвикаат иритација, појава на акни и мозолчиња и слични проблеми.
Идеално е да ги чистите четките по секоја употреба.
Ги ставате прстите во продуктите за убавина
Немојте да ги ставате прстите во кремот за лице и немојте да ја допирате пипетата од серумите на кожата од лицето.
Со ова ризикувате да ги наполните со бактерии кои потоа можат да ви создадат проблеми со кожата.
За кремовите секогаш користете апликатор, лажиче, па и памучно стапче за уши.
Серумите и продуктите со пипета прво нанесувајте ги на дланките, но без да ја допирате пипетата до кожата.
Ја отстранувате шминката со влажни марамчиња
Кај некои девојки и жени, влажните марамчиња не создаваат проблеми. Но, ако имате почувствителна кожа, влажните марамчиња може да ја иритираат.
Покрај тоа, со нив нема темелно да ја отстраните шминката како со средство за таа намена.
Марамчињата е најдобро да ги користите за корекции на шминката.
Не ставате крем со фактор секој ден
Дури и ако е облачно, УВ зраците можат да продрат низ облаците и со текот на времето да ја оштетат кожата.
Изложувањето на сонце без заштита е најчестата причина за рак на кожата, а може да го забрза и нејзиното стареење.
Затоа, задолжително нанесувајте крем со фактор пред секое излегување од дома и не заборавајте да ставите и на вратот и деколтето.
Не ги чувате продуктите за убавина соодветно
Продуктите за убавина не треба да се изложени на директна сончева светлина бидејќи ми се намалува ефикасноста, особено кога се во прашање кремови со фактор и продукти со витамин Ц.
За да го спречите размножувањето бактерии на нив, важно е да ги чувате на суво и темно место.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





