Фризура која ќе биде хит во пролет/лето 2025 - делува луксузно и гламурозно

Оваа пролет нека биде за промени - пробајте ја фризурата која ќе биде хит на сезоната, а додава луксузна и гламурозна нота на вашиот изглед. 

frizura-koja-kje-bide-hit-vo-prolet-leto-2025-deluva-luksuzno-i-glamurozno-01.jpg

Ако боб фризурата е ваш заштитен знак, тогаш на добар пат сте, само е потребно малку да го промените начинот на кој ја стилизирате.

А, ако никогаш не сте пробале – сега е време да ја скратите косата и да додадете луксузна нота во вашиот изглед.

Пролет е време за промени, па зошто да не ја пробате фризурата која е хит на сезоната за 2025?

Станува збор за chunky bob, односно за коса полна со волумен, како комбинација од класичниот боб и максимален волумен.

frizura-koja-kje-bide-hit-vo-prolet-leto-2025-deluva-luksuzno-i-glamurozno-02_copy.jpg

Врвовите на косата доаѓаат отприлика до рабовите на лицето или малку под брадата, а се обликува со фенирање навнатре, со што се добива ефект на бујна коса.

Поентата е да нема совршено мазна и права линија, туку малку да делува разбушавено или некои промени да одат во друга насока, за да се добие ефектот на волумен и раскошен изглед.

Инспирирајте се со неколку варијации на фризурата:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава