Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Изразени брчки, подочници - Како изгледаат одблизу дамите кои прошетаа на црвениот тепих во Кан?

Една од најубавите жени на светот, Русинката Ирина Шајк, не делува толку младо одблизу како на фотографиите што самата ги споделува на социјалните мрежи.

izrazeni-brchki-podochnici-kako-izgledaat-odblizu-damite-koi-proshetaa-na-crveniot-tepih-vo-kan-01.jpg

Фестивалот во Кан и понатаму останува едно од најголемите филмски случувања во Европа.

Тоа е можност актерите да ги промовираат своите нови филмови, но и светските модели само да продефилираат на црвениот тепих, да се фотографираат, а со своето присуство да го кренат рејтингот на настанот.

Фотографите, пак, тие неколку секунди додека се славните дами и мажи пред нив, ги користат да направат што е можно повеќе фотки за своите медиуми, или за да ги продадат на новинските агенции.

И токму тие се оние што го доловуваат ликот на ѕвездите во вистинско светло - без фотошоп, филтри, со сите нивни несовршености кои самите жени пробуваат да ги скријат.

Како изгледаа одблизу и без филтри некои од славните жени кои прошетаа на црвениот тепих во Кан?

Бела Хадид

Важи за жена со најсовршено лице во светот (според параметрите создадени од научниците), но и покрај тоа нејзиното лице е далеку од совршено.

На фотките од Кан, нејзината кожа делува рапаво, со големи пори и изразени линии околу устата и под неа, односно длабока линија над брадата.

izrazeni-brchki-podochnici-kako-izgledaat-odblizu-damite-koi-proshetaa-na-crveniot-tepih-vo-kan-06.jpg

Кристен Стјуарт

Ѕвездата на Twilight ги подели мислењата на стилистите и публиката - и во однос на облеката, но и за косата, која е комбинација од руси, бели и жолти прамени.

На фотките направени одблизу може да се види и дека нејзината кожа е масна и сјае, како да ѝ недостига камена пудра да ја фиксира шминката и да го ублажи сјајот, а изразени се и нејзините подочници и борите под очите.

izrazeni-brchki-podochnici-kako-izgledaat-odblizu-damite-koi-proshetaa-na-crveniot-tepih-vo-kan-02.jpg

Натали Портман

Актерката на црвениот тепих во Кан дојде со минималистичка шминка - сјај на устата и нагласени трепки.

Актерката делува „испиено“ во образите и има нагласени жили на вратот бидејќи е многу слаба.

izrazeni-brchki-podochnici-kako-izgledaat-odblizu-damite-koi-proshetaa-na-crveniot-tepih-vo-kan-03.jpg

Жилиет Бинош

Француската актерка е претседател на овогодинешното жири во Кан.

На црвениот тепих на отворањето на фестивалот таа носеше интересна бела креација, а на нејзиниот лик се забележуваа годините - изразени брчки под очите и на носот.

Бинош е една од оние жени кои не преферираат естетски корекции, туку старее природно, а кожата ја негува со квалитетна козметика.

izrazeni-brchki-podochnici-kako-izgledaat-odblizu-damite-koi-proshetaa-na-crveniot-tepih-vo-kan-04.jpg

Ирина Шајк

Една од најубавите жени на светот, Русинката Ирина Шајк, не делува толку младо одблизу, како на фотографиите што самата ги споделува на социјалните мрежи.

На фотките одблизу, направени во Кан, може да се видат големи подочници и ќесички под очите, како и изразени линии над усната.

izrazeni-brchki-podochnici-kako-izgledaat-odblizu-damite-koi-proshetaa-na-crveniot-tepih-vo-kan-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg