5 тренди фризури идеални за лето 2025
Француски боб ако имате права коса или италијански боб ако имате брановидна коса - каква промена ќе направите летово?

Боб фризурата со години наназад е хит, но во полесно време гледаме и разни варијации во зависност од типот на косата и формата на лицето.
Популарна е и долгата коса, ако не сакате драстична промена, но сакате да имате опции за фризури.
Пет фризури што се хит во лето 2025:
Француски боб
Францускиот боб е фризура со должина до брадата, без слоеви и без шишки. Можете да ја скарите косата и повеќе, ако сакате да изгледа погусто.
Фризурата е идеална за права коса и главно бара минимално стилизирање.

„Шег“ фризура
Таканаречената „шег“ фризура е огромен хит изминативе неколку месеци и е идеална ако сакате коса со средна должина.
Фризурата има густи шишки и слоеви со различна должина.
Идеална е ако имате природно брановидна коса, а поради слоевите, не мора да ја сушите со фен.

Долга коса
Бидејќи сè повеќе се цени природниот изглед, доста популарна е и долгата коса, без слоеви, шишки и што било.
Изгледа добро на секаква форма на лицето, а и не е важно дали имате правата или виткана коса.
Притоа, опциите за стилизирање долга коса се безброј.

Италијански боб
Италијанскиот боб е со должина до брадата, но има и слоеви за поголем волумен.
Најдобар е за брановидна или густа права коса бидејќи тогаш бара минимално стилизирање.

Пикси фризура
Ако во лето не можете да поднесете долга коса, тогаш пикси фризурата е идеална.
Генерално, кај оваа фризура косата на предниот дел е малку подолга од задниот, но можете да експериментирате со разни варијации според формата на вашето лице.
Кај оваа фризура имајте го предвид типот на вашата коса – виткана, права, тенка и слично – бидејќи можно е и да бара повеќе стилизирање.

Спирова С. | Црнобело