Направете сами: 5 интересни и лесни фризури

Ако не сакате постојано да бидете еднолични, исти и досадни, време е да промените нешто кај себе. Косата е најлесна за трансформација. Зошто секој ден да излегувате само со исчешлана, пуштена коса или собрана во опавче?

napravete-sami-5-interesni-i-lesni-frizuri-01

Дури и ако не сте многу вешти со рацете, овие неколку туторијали ќе ви помогнат сами да направите 5 различни фризури.

1. Панк плетенка во опавче

Од средината на горниот дел од главата почнете да ја плетете косата до средината, соберете ја со остатокот и врзете ја во опавче.

napravete-sami-5-interesni-i-lesni-frizuri-1


2. Бушава плетенка рибина коска

На едната страна лабаво врзете ја косата во опавче, сплетете го во плетенка  - рибина коска и расчепкајте ја за да не изгледа стегнато.

napravete-sami-5-interesni-i-lesni-frizuri-2


3. Долгата коса скратете ја со крупни локни

Навиткајте ја целата коса во локни и прицврстете ја со шноли. Откако ќе отстои, пуштете ја и врвовите врзете ги со ластиче. Подвиткајте ги навнатре за да ви изгледа како боб фризура.

napravete-sami-5-interesni-i-lesni-frizuri-3


4. Странична плетенка во пунџа

Плетете внатрешна плетенка дијагонално од  горе надолу и замотајте ја во пунџа на вратот.

napravete-sami-5-interesni-i-lesni-frizuri-4


5. Пин-ап фризура

Врзете ја во висок кок и прамен по прамен навиткајте ја во развлечени локни, шишките виткајте ги навнатре и врзете марама во вид на венче.

napravete-sami-5-interesni-i-lesni-frizuri-5

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава