Совети од пин-ап моделот Дита Фон Тиз за тоа како да се чувствувате секси секој ден

Оваа убавица знае што е сексапил, со години го учи и усовршува. Како еден од најпознатите пин-ап модели, Дита Фон Тиз има 5 освновни совети за тоа како да се чувствувате секси секој ден.

soveti-od-pin-ap-modelot-dita-fon-tiz-za-toa-kako-da-se-cuvstvuvate-seksi-sekoj-den-01

1. Црвен кармин. Не го напуштајте домот без него. Дита вели дека неа и се потребни само петнаесетина минути да се подготви за излегување, но никогаш не излегува без црвениот кармин. Благодарение на него секогаш изгледа средено.

2. Секогаш нека има добро осветлување. Таа ја потенцира важноста на доброто осветлување во секоја соба, како и регулаторите на осветлувањето. Никогаш не знаете кога ќе ви притреба мало затемнување во просторијата. Таа исто така вели дека има многу малку бели ѕидови во домот, најчесто ја избира розевата боја при уредувањето на домот, затоа што добро и прилега.

3. Добрата страна. Во ерата на мобилните телефони и постојаните селфи фотографии мора да ја знаете својата добра страна за фотографирање, како и лицето кое ќе го “наместите”  пред камерата.

4. Заведете се себе, останатите ќе ве следат. Заведувањето е најдобро кога е спонтано. Тој мора да верува дека тоа сте само вие, дека не вложувате екстра труд за да му се допаднете. Не е поентата во тоа да облечеш нешто што нему би му се допаднало, треба да го носиш она во што се чувствуваш најдобро, најпријатно и најсекси. Од таму доаѓа природниот шарм.

5. Изберете си своја секси униформа. Дита има јасна дефиниција што за неа е секси, па најчесто носи гардероба со длабоки деколтеа и по можност долги ракави. Таа сака да носи и долги, црни, кожнени ракавици, долги свилени чорапи како и високи потпетици.

А што прави ти да се чувствуваш секси?

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
„Испробав 5 популарни трикови за исполнети усни без филери – што функционира, а што не?“ „Беше тешко да ја чувам мешавината од чили во прав и маслиново масло на усните о...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg