Пластична операција или добра шминка?

Верувале или не, личноста која ја гледате на фотографијата подолу е една иста. Се работи за Алекса Реј Џоел, ќерката на американскиот музичар Били Џоел, која изминативе неколку дена ги наполни таблоидите со своите „пред и потоа“ фотографии.

plasticna-operacija-ili-dobra-sminka-01

Нејзиниот нов изглед започна безброј приказни за тоа како му подлегнала на трендот на пластични операции, но прекрасната бринета тврди дека немала ниту една пластична операција по онаа на носот, која ја потврди уште во 2010 година.

„Уште еднаш би сакала да ги демантирам гласините дека сум имала десетина пластични операции на лицето и дека сум ги зголемила градите. Тие приказни се потполно лажни. Единствено што некогаш сум оперирала беше мојот нос и секогаш сум била отворена кога пластичните операции се во прашање,“ напиша Алекса на својот Инстаграм профил.

„За сите мои позитивни промени можам да и се заблагодарам на мојата брилијантна шминкерка, која е вистински магионичар.“

Што мислите вие? Пластични корекции или добра шминка?

Би можело да ве интересира:

Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава