Имате разлетана коса? Овие работи мора да ги носите во вашата чанта

Девојките со разлетана коса и неправилна фризура ќе разберат кога само ќе ги наброиме временските услови: дожд, снег или ветер, сето ова предизвикува големи главоболки.

imate-razletana-kosa-ovie-raboti-mora-da-gi-nosite-vo-vasata-canta-01

Излегувате од вашиот дом со уредна фризура, но веќе по неколку минути вашата коса се извиткала, неколку праменчиња штрчат и таа станува крута, па мора да се мачите средувајќи ја во текот на целиот ден.

Пеглата за коса, фигарото можат исто така да бидат големи непријатели на неуредните прамени, па сигурно трошите часови додека да ги средите.

Доколку се соочувате со вакви проблеми овие работи мора да ги носите со вас и да бидат дел од вашата чанта: 

1. Многу шноли - Ќе се заштите од ненадејниот дожд или ветер особено во овие пролетни денови. Шнолите ќе ви помогнат да ги зацрстите деловите од косата. 


2. Ластичиња
-
Задолжително мора да имате по некое ластиче за да ја соберете вашата коса. Избегнувајте секојдневно врзување на косата бидејќи може да ја оштетите или менувајте ја положбата на врзување на ластичето. 


3. Венче
-
 Она кое обожавате да го носите секогаш нека ви биде при дофат. Не знаете кога може да ви затреба. 


4. Огледало
-
 Секако е задолжително за секоја девојка, а особено за оние со неправилна коса. Осигурајте се дека вашата коса е уредна пред да заминете на важен состанок. 


5. Капа или марама
-
 Носете секогаш некој од овие парчиња за да ја заштитите вашата коса од дожд. Девојките со ваква коса, ќе се сложат дека чадорот за нивната коса нема никаква функција. 


Колку од овие работи се наоѓаат во вашата чанта и како вие ја заштитувате разлетаната коса? Споделете и продолжете ја оваа листа на работи кои морате да ги имате. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава