Достапни и здрави: 4 овошки кои ги избелуваат забите

Вкусни се, здрави и ви носат блескава насмевка, па затоа уште денес откријте ги 4-те овошки кои вреди да ги консумирате секојдневно.

dostapni-i-zdravi-4-ovoski-koi-gi-izbeluvaat-zabite-01

Банана

Можеби плодот на бананата нема таков ефект, но затоа кората може совршено да ви ги избели забите. Со внатрешниот дел од кората истријте ги забите 2-3 минути, а потоа измијте ги со паста. Повторувајте ја постапката неколку дена за да ги забележите првите резултати.

Јагоди

За јагодите и нивната моќ за избелување на забите сигурно веќе одамна сте слушнале, па затоа земете една голема порција уште денес. Во нив се наоѓаат овошни киселини кои ги спречуваат наслагите од храна и пијалаци.

Јаболко

Сигурно вашите баби и дедовци веќе ви кажале како јаболкото е природна четка за заби. И во право се! Кога го џвакате јаболкото, парчињата се движат помеѓу забите и непцата, а во устата се создава нов вид плунка која ги чисти забите од бактерии и ги неутрализира киселините.

Лимон

Киселината од цитрусните овошја, посебно од лимонот, во себе има ензими кои ги убиваат бактериите кои го создаваат непријатниот мирис. Покрај тоа, лимонот содржи киселини кои ги уништуваат дамките и остатоците од храна на забите.

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава