Заспана убавица: 7 работи кои мора да ги има на вашата ноќна масичка

Секоја девојка обрнува големо внимание на своја убавина, особено утрото кога ќе се разбуди.

zaspana-ubavica-7-raboti-koi-mora-da-gi-imate-na-vasata-nokjna-masicka-1

Посакуваме шминката да е на нашето лице во текот на целиот ден, но тоа и не е така возможно доколку не обрнувате посебна нега.

Затоа пред да заспиете користете ги 7-те есенцијални работи за нега на кожата на лицето и поставете ги на вашата ноќна масичка за да не заборавите да ги користите.

1. Серум за лице

Многу девојки сметаат дека не им е потребен серумот за лице, но ова е нешто што мора да го нанесете пред спиење. Серумот содржи многу витамини кои во текот на ноќта ја хранат кожата на вашето лице и има антиоксидантно дејство. Серумите ги решаваат брчките, иритациите и проблемите со пигментот додека вие спиете.

2. Ноќна крема

Постои мислење дека ноќна и дневна крема е истиот производ. Но, всушност тоа и не е баш така. Дневната крема е специјално направена со цел да биде подлога на шминката, а, пак, ноќните креми повеќе хидрираат. Ноќната крема го забавува стареењето на кожата на лицето и таа е фокусирана на регенерација.

3. Балсам за усни

Изложувањето на сонце, ветер, па дури и на клима уредите значително ви наштетува на усните. Па доколку забележите дека усните константно ви се суви и испукани тогаш пред спиење нанесувајте балсам за усни кој во текот на ноќта ќе ги генерира вашите кожни клетки. Следното утро вашите усни ќе бидат повторно подготвени за кармин.

4. Млеко за тело

Набавете млеко за тело кое содржи омега 3 и пред спиење измачкајте го по целото тело. Млекото за тело ја прави вашата кожа мека и нанесувајќи го пред спиење ѝ овозможувате на вашата кожа добро да го впие.

5. Крема за раце и нокти

Дефинитивно мора да ја имате оваа крема на вашата ноќна масичка. Кожата на рацете особено страда во текот на еден ден. Затоа пред да заспиете намачкајте ги рацете и ноктите со крема подгответе ја и заштитете ја кожата за следниот ден.

6. Серум за коса

Додека многу фактори влијаат на нашето лице, ние сме сè повеќе брутални кон нашата коса. Честото боење, пресата за коса, фигарото, фенот се знаци дека мора да нанесете серум на вашата коса кој ќе ја регенерира во текот на ноќта. Доброто кај овие серуми е toa што не се измиваат, а повеќе нема да гледате растурена коса и расцутени врвови.

Пред да легнете во вашиот кревет, не заборавајте да обрнете внимание на вашата кожа и лице и дајте им ја негата која им е потребна.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава