5 Совети за побрз раст на вашата коса

Додека некои жени никако не може да дочекаат косата да им порасне до посакуваната должина и им се чини дека тоа трае со години, за некои други ви се чини дека им расте преку ноќ. Без оглед на тоа каков тип на коса имате, еве неколку корисни совети како да ја натерате да ви расте побрзо.

naterajte-ja-kosata-da-vi-raste-pobrzo-01

Одете почесто на фризер и кратете ја косата за побрзо да ви расте

Иако овој совет кога ќе го слушне некој што сака долга коса ќе му се чини чуден, сепак докажано е дека косата побрзо расте доколку навремено се кратат оштетените врвови. Посетата кај фризерот треба да ви биде задолжителна на секои 2-3 месеци. Не само што ќе ви расте побрзо, туку ќе ви изгледа и поздраво и понегувано.

Водата му е неопходна на организмот, но и на косата

Потребно е да внесувате доволно количество вода, околу 6-8 чаши течност која на косата ѝ ја даваат потребната цврстина, сјај и здрав изглед.

Редовното чешлање помага за косата да расте побрзо и да изгледа поубаво

Треба да бидете внимателни, бидејќи ако ја чешлате косата додека е мокра не само што може да ја оштетите, туку нема да ви расте со еднаква брзина. Кога ја расчешлувате мократа коса користете чешел со широки запци за да не ги кршите или кинете влакната.

Храната која ја консумирате влијае на косата

Ако сакате да го постигнете растот на косата јадете многу протеини. Тие обезбедуваат цврст и брз раст. Доколку не консумирате месо, одберете зеленчук со високо ниво на протеини.

Секојдневното миење е голем непријател на косата

Препорачливо е да ја миете секој втор или трет ден за да не го уништите нејзиниот природен масен слој кој ја штити и овозможува правилен раст.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава