5 правила за депилација кои гарантираат совршена бикини зона

Бикини зоната доаѓа најмногу до израз во летниот период на годината, па ако планирате одмор во брзо време, сигурно веќе го одредивте денот кога целосно ќе се посветите на нејзино средување.

539848 422241521136016 1666268119 n

За да поминете полесно и поефективно, овие 5 одговори на најчестите прашања поврзани со депилација на бикини зоната мора да ги знаете:

1. Колку често треба да се оди на депилација?

Влакненцата не растат еднакво кај секој, токму и затоа не постои одреден временски интервал според кој треба да се водите.

Но доколку штотуку сте направиле депилација со восок или шеќерна депилација за прв пат или веќе подолго време не сте се депилирале, еден дел од влакненцата се наоѓа токму под вашата кожа и само што не израснал.

Доколку веќе сте биле на неколку третмани, тогаш се препорачува депилацијата да ја правите на секои три до четири недели.

2. Бричењето ги прави влакненцата цврсти и дебели

Некои девојки често се прашуваат дали после депилацијата со восок смеат да употребат брич на бикини зоната, а одговорот е да. Единствениот проблем со кој се соочувате е дека овој вид на депилација ве враќа чекор назад, бидејќи со бричењето влакненцата стануваат цврсти и дебели.

Најдобро би било да бидете трпеливи и да ја причекате следната депилација. Користењето восочна или шеќерна депилација ви овозможува ретчење на влакната, промена во нивната боја и количина.

3. Употреба на пинцета

Многу девојки после депилацијата употребуваат пинцета за дополнително отстранување на влакненцата кои восочната или шеќерната депилација не успеала да ги отстрани. Овој метод е побезболен штом го направите веднаш после депилацијата и навистина нема да почувствувате никаква болка.

Но, исто како и бричењето и овој метод ве враќа чекор назад. Најдобро би било да се воздржите од употребата на пинцета за да имате подолготраен ефект на бикини депилацијата.

4. После депилација на бикини зоната следува пилинг

Пилингот треба да ви биде задолжителен третман на бикини зоната после депилација. Но, тој никако не смее да биде премногу груб за да не ја иритира вашата кожа. Она што ви е потребно е нежен и редовен пилинг особено измеѓу депилациските термини.

За девојките кои имаат мрсна кожа најдобро би било да прават пилинг на база на сол од два до три пати неделно, додека пак за нормална и сува кожа се препорачува пилинг на база на шеќер.

5. Хидратација на кожата

Низ козметичките продавници можете да пронајдете низа производи кои се богати со витамини и минерали и истите ја негуваат кожата после депилацијата. Најдобро е да ја одберете онаа крема која нема да ви ги затвара порите.

Оваа крема за хидратација на кожата е од голема важност бидејќи таа не само што ја прави кожата мека и здрава, туку и го забавува растот на влакненцата. 

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...

Најчитани неделава