9 трикови за утринска убавина: Направете го ова пред спиење и разбудете се свежи и убави

Ретко кој од нас наутро има време да посвети внимание на дотерување и да го покрие уморот на лицето.

9-trikovi-za-utrinska-ubavina-napravete-go-va-pred-spienje-i-razbudete-se-svezi-i-ubavi-1

Затоа е најдобро да се подготвите пред спиење, а утрото да ве дочека свежи и подготвени за новиот работен ден.

Со овие трикови ќе имате свежо лице, убава фризура, а нема да изгубите воопшто време и ќе можете повеќе да уживате во појадокот и утринското кафе.

Па, девојки започнете од вечерва:

1. Мијте ја косата пред спиење и не ја сушете целосно. Легнете со влажна коса и направете си плетенки. Наутро ќе добиете брановидна коса и одлична летна фризура која ќе трае во текот на целиот ден.

2. Спијте со маска за очи и на тој начин пределот околу очите ќе ви изгледа свежо и ќе ги покриете темните подочници многу полесно отколку претходно.

3. Пред спиење, на телото и лицето нанесете хидратната крема и ќе заборавите како изгледа сува и испукана кожа. Вашето лице ќе добие свеж изглед, а кожата ќе ви биде мека и свилена.

4. Кога станува збор за косата, сега лесно можете да го зачувате ефектот од фенирана коса. Пред да спиете фатете ја косата со ластик, а изутрина таа повторно ќе изгледа свежа и убава.

5. За кожата на лицето најдобро е да користите есенцијални масла со кои изутрина ќе изгледате како штотуку да сте пристигнале од козметички салон.

6. За да го забрзате процесот на впивање на млекото за тело, најдобро е пред тоа да нанесете еден слој како подлога и тоа ќе ви овозможи полесно впивање на млекото за тело и побрза подготовка.

7. Наутро користете регенератор за коса кој не се измива. Така ќе ја заштитите косата пред четкањето и нема да имате потреба да се грижите за испукани врвови.

8. Вашата перница нека биде со сатенска навлака, која на косата и дава поголем сјај и таа не се мрси. Наутро нема да губите време во расчешлување на стутканата коса.

9. Доколку користите млеко за потемнување нанесувајте го пред спиење. Изутрина ќе добиете тен кој е рамномерно распределен по целото ваше тело. Почекајте додека да се впие млекото целосно за вашиот кревет да биде чист, а бојата изедначена.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава