10 трикови за убавина за девојките кои носат очила за гледање

Мислите дека никој не може да ја забележи шминката зад вашите очила? Грешите. Со само неколку лесни и едноставни трикови вашите очи и лице ќе заблескаат во полн сјај.

10-trikovi-za-sminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ocila-za-gledanje-1-

Вашите очи сметајте ги за прекрасен портрет, а очилата за рамка на таа слика.

Не заборавајте, девојките со очила се привлечни и секси за момците, па овие 10 трикови ќе ви овозможат да ја истакнете убавината:

1. Баланс

Основното правило е да правите баланс помеѓу рамките на очилата и бојата на карминот кој ќе го нанесете на усните. Ако сте обожавател на тенки рамки за очила, тогаш вашата сенка за очи нека биде неутрална, а карминот во впечатлива боја како на пример црвена.

2. Употребувајте водоотпорна маскара

За да научите како правилно да нанесувате шминка која ќе изгледа одлично со очилата, тоа не подразбира менување на целата техника која досега ја знаете, туку потребен ви е минимален труд. Заменете ја обичната маскара со водоотпорна и веднаш ќе ја забележите разликата.

3. Виткајте ги трепките

Со помош на алатка за виткање извиткајте ги вашите трепки дури и ако не нанесувате маскара. Вашите очи визуелно ќе се зголемат и целиот фокус ќе биде во нив зад вашите очила.

4. Инвестирајте во коректор

Со оглед на фактот дека очилата го истакнуваат целиот предел околу очите, сигурно не сакате да се гледаат уште повеќе вашите подочници. Затоа инвестирајте во одличен коректор кој ќе ги покрие зоните околу очите кои не сакате да ги истакнете.

5. Обрнете внимание на веѓите

Штом носите очила избегнувајте да имате премногу тенки веѓи. Направете им некоја убава, дебела форма, а пред излегување затемнете ги со моливче за веѓи кое нема да се разликува премногу од нивната природна боја.

6. Сенка за очи во линија со рамките

Кога нанесувате сенка за очи златно правило е да не излегувате надвор од рамките на вашите очила. Бидејќи во тој случај добивате неуреден изглед.

10-trikovi-za-sminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ocila-za-gledanje-2-

7. Во однос на пудрата...

Ако имате проблем со тоа што пудрата често ви се брише од очилата, не сте единствени. За да ја решите оваа ситуација употребете камена или пудра во прав и нежно со сунѓерче за шминка поминете во пределот од носот па сè до јаболкниците на лицето.

8. Молив за очи

На очилата за гледање мислете како на важен дел од вашиот аксесоар кој секојдневно го носите. Доколку вашите очила се со црни рамки тогаш на очите нанесете молив во црна боја. За кафени рамки најдобро е да користите кафен молив за очи или пак некоја златеста или крем нијанса.

9. Предност на неутралното

Шминка која е премногу нападна не ви е потребна доколку ги носите вашите очила. Ако мислите дека со темна сенка вашите очи повеќе се истакнуваат и шминката е во фокус зад очилата, грешите. Тие секако ќе бидат во фокус, но не онака како што очекувате. Затоа дајте му предност на неутралното и вашите очи без проблем ќе бидат истакнати зад очилата.

10. Мачкини очи

Девојките кои носат очила одлично ќе им прилегаат мачкините очи за разлика од оние кои не носат. Запомнете, колку се потенки вашите рамки толку подебела треба да биде линијата на моливот или тушот за очи. 

10-trikovi-za-sminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ocila-za-gledanje-3-

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава