4 начини за брзо, природно сушење на косата

Сушењето на косата на природен воздух без сомневање е еден од најздравите начини, но не и најбрзиот. Сепак, и за тоа постојат неколку решенија.

4-nacini-za-brzo-prirodno-susenje-na-kosata-01.jpg

Најголем проблем кога се работи за природното сушење на косата е тоа што може да трае бесконечно. Затоа, девојките со долга коса добро би било да се придржуваат до овие ефикасни трикови.

1. Не нанесувајте производи за обликување на многу мокра коса

Ако сакате побрзо да ја исушите косата, избегнете ги производите за обликување. Тие создаваат слој кој го забавува губењето на влага од влакното, па затоа се препорачливи за влажна коса, наместо за мокра.

2. Замотајте ја косата во памучна маица

Памучните ткаенини многу подобро ја впиваат водата, отколку материјалот од кој се направени пешкирите.

3. Правилно бришете ја косата

Наместо да ја триете косата, со памучна ткаенина избришете го коренот и полека движете ја крпата кон врвовите, притискајќи ја косата. Повторувајте ја постапката неколку минути.

4-nacini-za-brzo-prirodno-susenje-na-kosata-02.jpg

Мотањето на пешкир околу главата исто така го спречува капењето, но тоа никако не го забрзува сушењето.

4. Растресете ја косата

Ако сакате косата да ја исушите побрзо, никако не ја пеглајте или врзувајте во репче. Наместо тоа, растресете ја и со прсти одвојте ги прамените.

Со овие совети средно долгата коса е сува за околу 2 часа.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава