Изгледајте фит, без да се мачите со вежби и диети

Времето за подготовки за летото веќе истекува, па колку сте успеале да ги постигнете саканите резултати со сите диети ќе може да се види.

izgledajte-fit-bez-da-se-macite-so-vezbi-i-dieti-001

 

Ако знаете дека не сте успеале баш најдобро во тоа, а немате веќе време, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да изгледате фит без да треба уште цел месец да вежбате и да се изгладнувате.

Сонцето нека ви стане пријател

Бодибилдерите претеруваат со сончањето и потемнувањето, но тоа го прават со причина. После неколку излегувања на сонце, одењето во солариум или користењето на спреј за самопотемнување, штом ја добите бојата, ќе забележите како телото ви изгледа послабо и со подефинирана форма. Но, никако не се изложувајте без заштитен фактор.

izgledajte-fit-bez-da-se-macite-so-vezbi-i-dieti-1.jpg

Склекови

Само оваа вежба ви е доволна за да ја одржите формата на телото, бидејќи истовремено ви ги затегнува и рацете, нозете, задникот и стомакот.

Не мора да претерувате и да се заморувате но 10 склекови во денот ви се доволни за да не ви се опушти премногу телото.

izgledajte-fit-bez-da-se-macite-so-vezbi-i-dieti-2.jpg

Високи потпетици со боја на кожа

Еден од најстарите трикови за да изгледате послабо и повисоко е да носите високи потпетици со боја на кожа кои на вашите нозе им даваат издолжен изглед.

Внимавајте само да ја одберете вистинската нијанса која ќе се совпадне со бојата на вашата кожа.

izgledajte-fit-bez-da-se-macite-so-vezbi-i-dieti-3.jpg

Јадете правилно

Нема точно одредена храна, само треба да внимавате и да избегнувате некои основни карактеристики како храна која ви предизвикува подуеност, како многу солените јадења, млечните производи, житарките и слатките сокови.

Започнете го денот со топол напиток од вода и лимон. Посебен детокс направен од зелен чај, изрендан бел ѓумбир, мед и сок од лимон ќе ви помогне во борба против подуениот стомак, лицето или лимфните жлезди.

Хидратацијата наутро ќе ви помогне да останете будни и без капка кафе.

izgledajte-fit-bez-da-se-macite-so-vezbi-i-dieti-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...

Најчитани неделава