9 основни правила за убавина во текот на летото

Доколку сѐ уште не сте и рекле збогум на зимската шминка и тешките креми за заштита на кожата на лицето и телото, тогаш време е тоа да го направите уште денес.

9-osnovni-pravila-za-ubavina-vo-tekot-na-letoto-01.jpg

Летото е период во кој помалку е повеќе. Сигурно во лето не носите на себе слоевита облека, а истите правила важат и за шминката.

Со помалку шминка на лицето и правилна нега на кожата ќе блеснете во полн сјај.

Чекор по чекор и освојте го летниот режим на убавината:

1. Користете BB крема

Ако се уште не сте ја замениле пудрата со лесна BB крема, направете го тоа што побрзо. BB кремата е всушност балсам кои ги поправа сите флеки и неправилности на кожата, а има многу полесна текстура од тешките пудри кои ги затвораат порите.

2. Заменете го сјајот за уста со природен балсам

Сјајот за усни ги пропушта сончевите зраци, а сигурно последно што посакувате да имате е изгореници на усните. Затоа секој пат кога се изложувате на сонце ставајте природен балсам со УВ заштита, без разлика дали сте на плажа или завршувате некоја работа во најтоплиот период од денот.

3. Заменете го обичното млеко за тело

Пред излегување од дома ставајте млеко за тело со заштитен фактор. На тој начин вашиот тен ќе биде рамномерен, но и ќе се заштитите од можни изгореници. Заменете го обичното млеко со лосион кој во себе содржи УВ фактор.

4. Употребувајте шампон за бојадисана коса

Доколку косата ви е бојадисана, тоа се подразбира. Но овие шампони се одлични за да ја заштитите и вашата природна боја на косата, па и од распукување на врвовите во текот на летото.

5. Променете го начинот на фенирање

Наместо да ја замотувате во пешкир, после миењето протресете ја вашата коса и ставете заштитен лосион за после капење, а потоа исушете го коренот. Остатокот од косата оставете го сам да се исуши, па на крајот кога ќе биде делумно сува исчеткајте ја.

6. Променете го парфемот

Заборавете на тешките парфеми кои се користат во зимскиот период, туку најдете нов парфем кој ќе биде ваш заштитен знак. Одберете мирис кој ќе потсетува на плажа, море, коктели и најважно од се ќе биде освежителен и пријатно миризлив.

7. Водете сметка за вашите стапала

Ноктите на нозете лакирајте ги со свежи, летни бои и негувајте ги вашите стапала. Ниту најубавите сандали нема да изгледаат убаво на нозе чија нега е занемарена.

8. Руменилото заменете го со бронза

Каков тен и да имате, од светол до најтемен, бронзерот е идеален начин да го освежите. Наместо руменило, на јаболкниците, очите и горниот дел од челото нанесете бронзер кој ќе ви го обликува ликот.

9. На очите доволно е да имате маскара

На кратко, оставете ги сенките и префрлете се на маскарата. Со помош на алатка за виткање на трепки извиткајте ги трепките, а потоа нанесете 2 слоја маскара. Најдобро е да користите водоотпорна маскара за да го избегнете нејзиното растопување во жешкиот дел од денот, но и во топлите ноќи.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава