4 масла за нега на кожата по летниот одмор

Сонцето и соленото море се комбинација која ја одмора душата, но истовремено и ја суши кожата. Затоа, по летниот одмор посветете и целосна нега за нејзино ревитализирање.

4-masla-za-nega-na-kozata-po-letniot-odmor-01.jpg

Потребни ви се само 4 масла кои ќе го вратат сјајот и ќе ја направат поеластична за само неколку седмици.

Бадемово масло

Не само што ја храни кожата и ја прави понежна, туку и го спречува создавањето на првут и потполно ја регенерира. Негативните траги од сонцето нема да бидат видливи доколку го користите бадемовото масло како замена за млекото за тело по капење.

Масло од семки од малина

Ова масло не само што има заштитен фактор и е погодно како масло за сончање, туку и ја регенерира кожата. На кој начин ќе ја одржите мека и здрава и додека потемнувате.

Етерични масла од невен и ајдучка трева

Етеричните масла најчесто се подготвуваат од маслиново или бадемово масло така што во нив додавате тревки по ваша желба. Доволно е да отстојат 15 дена во маслото, за потоа да можете да ги користите како мелем кај многу дерматолошки проблеми, а истовремено и како мелем против воспаленија на кожата и нејзини оштетувања.

Маслиново масло

Ја прави кожата сјајна, а истовремено и ги ублажува изгорениците од сонце, проследени со непријатно чешање.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава