Што да ѝ направите на кожата што лесно поцрвенува?

За жал, кожата која е склона на поцрвенување тешко се менува и зависи многу од генетиката и типот на кожа. Сепак, со добра нега и неколку трикови лесно може да ја држите под контрола.

sto-da-i-napravite-na-kozata-sto-lesno-pocrvenuva-01

Ова се десет правила за кожата која често поцрвенува:

1. Користете исклучиво благи производи за нега, наменети за чувствителна кожа.

2. Заборавете на силните лосиони и чистачи на шминка, користете млеко или масло за отстранување на шминката.

3. Бидете внимателни со производите на растителна база, бидејќи многу билки може да реагираат лошо во комбинација со чувствителната кожа.

4. Секогаш користете хидратантна крема со заштитен фактор.

5. Не помислувајте на козметички третмани од типот на микродермоабразија.

6. Црвенилото во летните денови ублажете го со ладни облоги или коцки мраз.

7. Користете светлозелена база на пудра.

8. Избегнувајте ги пудрите со портокалова нијанса.

9. Не носете гардероба со боја која го истакнува црвенилото, како: окер, портокалова и кафена.

10. Приспособете ја бојата на косата со тенот на лицето. Избегнувајте жолтеникав и црвеникав отсјај.

sto-da-i-napravite-na-kozata-sto-lesno-pocrvenuva-2.jpg

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава