Искористете ги денес: Трикови за убавина од пред половина век

Денеска се нудат илјадници производи за нега на лицето и телото, но та не значи дека тие производи делуваат подобро од оние кои ги користеле нашите мајки и баби.

iskoristete-gi-denes-trikovi-za-ubavina-od-pred-polovina-vek-1

Кога ќе ги погледнете на фотографии жените од 50тите, 60тите, 70тите, па и 80тите сигурно нема да останете рамнодушни пред нивната убавина и гламур.

Тие изгледале така благодарение на едноставни трикови за убавина, кои можете да ги искористите и денес:

1. Ако сакате вашиот лак за нокти бргу да се исуши, поставете ги ноктите во канче со ладна вода.

2. Доколку вашиот молив за очи е тврд и тешко се нанесува, едноставно пред да го употребите малку загрејте го и растопете го со помош на запалка. На овој начин, моливот ќе ви трае со часови.

3. Затворањето на порите порано не било воопшто тешко. Сѐ што треба да направите е да го држите лицето 5 секунди во ладна вода. Повторете го тоа два пати.

4. Не морате да трошите премногу пари за тоник за лице. Пробајте го овој рецепт - во едно шишенце ставете ¼ јаболков оцет и ¾ вода, потоа промешајте за да се изедначат течностите. Нанесувајте на лицето секој ноќ од оваа течност и кожата ќе ви биде помека, а со помош на јаболковиот оцет полесно ќе ги отстраните мозолките.

5. Ако немате алатка за виткање на трепки, тогаш со сигурност имате кафена лажичка. Откако ќе нанесете маскара, со надворешниот дел од кафената лажичка притиснете ги нежно трепките и држете така неколку секунди. После неколку секунди ќе добиете одлично извиткани и секси трепки.

6. Искористете го одморот за да ја осветлите косата без да мора да посетувате фризер. Пред да отидете на плажа на косата нанесете свежо исцеден лимонов сок . Вашата коса ќе се осветли и ќе добиете интересни прамени.

Сте пробале ли некои од овие рецепти?

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава