5 најчести грешки поради кои пожолтуваат забите

Добрата хигиена на усната празнина подразбира често четкање на забите, плакнење на устата со вода и чистење со забен конец. Но, дури и ако редовно ги правите сите овие работи, некои навики може да ве спречат во избелувањето на забите и блескавата насмевка.

5-najcesti-greski-poradi-koi-pozoltuvaat-zabite-01

За да не го зголемите пожолтувањето на забите мора да внимавате и да избегнувате некои производи.

1. Кофеин и танин

Добро е познато дека пијалаците богати со танин како црвеното вино и кофеинот во кафето предизвикуваат темни дамки на забите. Посебно е проблематичен црниот чај чии честички на танин тешко се отстрануваат од забите. Затоа, ако сакате да уживате во утрински чај, подобро одберете зелен, кој и дополнително ќе ви ги избели забите.

2. Многу газирани пијалаци

Слатките газирани пијалаци се полни со шеќери кои би можеле да ви предизвикаат кариес. Но таквите напитоци, а посебно жестоките или оние со флуросцентни бои содржат голема количина киселини кои ќе ги пожолтат вашите заби, ако често ги консумирате.

5-najcesti-greski-poradi-koi-pozoltuvaat-zabite-1.jpg

3. Тврди слатки

Ако сакате да имате здрави бели заби, тогаш мора да се откажете од ситните слатки како лижавчиња и бонбони. Ваквите производи се полни со шеќери кои ги уништуваат забите. Но, со оглед на тоа што не е лесно да ги изедете, долго ги држите во устата и така дополнително ја оштетувате усната шуплина.

4. Сосови

Жолтите дамки на забите се последица и на претераното уживање во додатоците за храна како кечап, балсамико или кинеските на база на соја. Забите пожолтуваат и доколку често уживате во зачинета храна.

5. Овошни и зеленчукови бои

Некои врсти на овошје и зеленчук, како шипка, боровница содржат многу полифенол кој го штити телото од бројни болести, но и ја менуваат бојата на забите. Дополнителна штета за забите може да направите, ако по јадењето на плодот веднаш ги измиете забите. Подобро е да почекате барем половина час и да дозволите жлездите на слузницата да ја завршат својата работа и да ги разградат бактериите и киселините во устата, па дури потоа да посегнете по четката за заби.

5-najcesti-greski-poradi-koi-pozoltuvaat-zabite-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава