17 ситници во денот кои ќе ви помогнат да ослабете

Воведете си секојдневна рутина на некои навики кои ќе ви помогнат да ослабете без никакви проблеми и одрекувања. Потребен е процес, не очекувајте бомбастични резултати, но на крајот ќе си бидете благодарни.

17-sitnici-vo-denot-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-01

1. По будењето испијте 3 dcl обична вода која го поттикнува разградувањето на масти.

2. Потоа изедете мал оброк – пола банана или неколку бадеми за да го раздвижите метаболизмот.

3. Растегнете се во бањата пред да се истуширате.

4. Појадувајте! Се препорачува оброк со високо ниво на протеини и хранливи влакна, по 10 gr од секое.

5. Приредете си уживање за на работа од дома и така ќе ја намалите можноста за да се прејадете во некоја пекара.

6. На работната маса ставете шише со обична вода, па постепено во текот на денот испијте го.

17-sitnici-vo-denot-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-6.jpg

7. Ако поголемиот дел од денот седите, потсетете се на секој час да ги истегнете нозете.

8. Најдете малку слободно време во текот на денот за да запишете сè што сте изеле., па дополнително мотивирајте се за да бидете поумерени до крајот на денот.

9. На работа јадете двапати, првиот  пат грицкајте нешто здраво до 150 калории, а подоцна ручекот кој сте си го подготвиле од дома.

10. Ручајте на отворено ако тоа ви го дозволува времето и работното место. Редовно излегувајте на сонце, тоа ќе ви го намали стресот, депресијата и претерувањето со калорична храна.

11. Имате договорен состанок надвор од канцеларија? Наместо со автомобил, отидете пешки.

12. Почнува да ви се спие? Напијте се зелен чај. Ќе ве расони, а истовремено ќе ви го потисне и гладот.

17-sitnici-vo-denot-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-3.jpg

13. Одете или возете велосипед секогаш кога можете. Пожелно е секогаш да ја менувате турата по која одите.

14. Подгответе вечера дома и избегнете ја можноста за нарачување покалорична храна во ресторан.

15. Направете неколку стомачни и чучнувања додека чекате да ви почне омилената серија.

16.  Измијте ги забите половина час по секој оброк или исплакнете ја устата со вода па ќе се замислите после тоа дали да посегнете по некој штетни грицки.

17. Легнете си во пристојно време и со тоа обезбедете си сигурен 8-часовен сон.

17-sitnici-vo-denot-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава