Миранда Кер ја открива тајната за убавината

Таа е втор најплатен модел во светот, има своја компанија и се грижи за тригодишниот син Флин. Но, покрај сите обврски никогаш не можеме да ја видиме без совршена фризура и облека. На својот блог Миранда ја открила својата тајна за нејзиниот речиси совршен изглед и колку време ѝ е потребно за да се подготви наутро.

miranda-ker-ja-otkriva-tajnata-za-ubavinata-01

- Поради обврските околу детето, обично имам само 15 минути наутро за да се подготвам. Задолжително прво пијам чаша топла вода со лимон. Овој пијалак го поттикнува варењето во текот на денот. Го чисти организмот, го подигнува имунитетот и ја балансира pH вредноста во организмот. Исто така е богат со витамин Ц кој секогаш е добар за здравјето.

По чашата со вода и лимон се освежува со утринско туширање

- Пред да влезам под туш, го тријам телото со четка. Тоа е одлично за циркулацијата, лимфната дренажа, отстранување на мртвите клетки од кожата и за детоксикација. Почнувам од нозете, па продолжувам нагоре. Тоа не одзема воопшто време, а одлично влијае.

Косата секогаш ја мие навечер и наутро и останува само да ја собере или да направи плетенка.

miranda-ker-ja-otkriva-tajnata-za-ubavinata-1.jpg

Со оглед на тоа што има своја линија на козметика, секојдневно ги користи производите за време на дневната рутина за нега.

- По туширањето го нанесувам својот омилен путер за тело, а потоа се шминкам. Не сакам пудри, па наместо нив ставам тонирана крема која совршено покрива и му дава свежина на лицето. Потоа нанесувам маскара и моливче за веѓи. На крај додавам само балсам за усни – открива Миранда.

Пред да излезе од дома со себе понесува и зелен сок.

- Зелениот сок од свежо овошје и зеленчук секогаш е добар за вашиот крвоток, бидејќи ја одржува крвта здрава и со доволно кислород. Зелените сокови се полни со витамини и минерали, поради кои кожата ќе ви биде почиста, а очите побистри.-објаснува Миранда Кер.

Сите совети кои таа ги дава и применува се природни, како што и самата изгледа. Затоа, наместо да купувате скапи препарати, доволно е да го искористите она што го имате дома.

miranda-ker-ja-otkriva-tajnata-za-ubavinata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава