Со козметичката линија на Eucerin Dermo Purifyer до чиста и сјајна кожа

Според последните истражувања околу 85% од адолесцентите имаат проблематична кожа, но се чини дека адолесцентната возраст повеќе и не е единствениот период од животот  кога се појавуваат акните и проблемите со кожата.

so-kozmetickata-linija-na-eucerin-dermo-purifyer-do-cista-i-sjajna-koza-01.jpg

Се поголем е бројот на лица над 30-тите години кои секојдневно се борат со овој проблем. Причини може да бидат ендогени: хормонски причини како пубертет, менструација, бременoст, генетски предиспозиции или пак егзогени фактори: стрес, употреба на неквалитетна козметика и разни медикаменти.

Доколку вашата кожа е проблематична, страда и целата ваша личност. Самата помисла дека сте непривлечни може да има силно влијание врз вашата психа и секојдневно однесување.

Најчеста причина за појава на акни и црнки е нарушената природна функција на кожата која води кон прекумерно лачење на себумот.

Колекцијата за нега Eucerin® DermoPURIFYER е клинички докажана и може да ви помогне повторно да се чувствувате убаво.

Млечната киселина присутна во оваа колекција нежно ги отвора порите и ги уништува бактериите, главната причина за создавањето на акни. Единствениот липозомски систем ја насочува млечната киселина директно до порите, каде што се создаваат кожните нечистотии. Со редовната примена на производите Eucerin® DermoPURIFYER резултатите се видливи: кожата ќе стане почиста, помазна па дури и тонирана. Длабинскиот гел за чистење на лицето ги отстранува мртвите клетки и црнките, тоникот ги отвора порите и ја подготвува кожата за нанесување на гел кремот кој делува антибактериски, ја негува и заштитува кожата. Се намалува несаканиот сјај на кожата и лицето добива видливо почист изглед.

so-kozmetickata-linija-na-eucerin-dermo-purifyer-do-cista-i-sjajna-koza-02.jpg

Со цел да се провери ефикасноста на колекцијата Eucerin®DermoPURIFYER, да се докаже толеранцијата на кожата на состојките на оваа медицинска козметичка линија,  беше реализирано 6 месечно истражување во кое беа опфатени 1033 пациенти со проблематична кожа. Резултати:

  • Симптомите на акните значајно биле намалени по 6 недели
  • 78% од пациентите имале нормализирана или подобрена состјба на кожата
  • 81% од пациентите кои користеле додатни медикаменти против акни имале нормализиран или подобрен изглед на кожата
  • Толерантноста на производот била назначена како „многу добра“’ или „добра“
  • Пациентите биле многу задоволни: повеќе од 80% потврдиле дека ќе продолжат да  ја користат колекцијата

Акните не се алергиска реакција, не се заразни и во најголем број на случаи не се појавуваат како резултат на недостаток на хигиена, напротив честото миење и чистење на кожата на лицето прекумерно ја суши и оштетува кожата. Затоа е неопходно, не повеќе од двапати во текот на денот да се користи ефикасен и благ систем за нега на кожата, специјално создаден за нега на проблематичната кожа.

Колекцијата Eucerin®DermoPURIFYER се состои од длабинскиот гел за чистење на лицето кој ги отстранува мртвите клетки и црнките... Тоник кој ги отвора порите и ја подготвува кожата за нанесување на гел кремот кој делува антибактериски, ја негува и заштитува кожата. Содржи и концентрат кој се нанесува на местата со акни, како и стик коректор за покривање на акните.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...

Најчитани неделава