Маска за подмладување на Софија Лорен: Ефектите се видливи по првата употреба

Секоја жена која го цени својот изглед сака долго да ја задржи својата убавина и младоста,  треба да почне да ја применува оваа маска.

maska-za-podmladuvanje-na-sofija-loren-efektite-se-vidlivi-po-prvata-upotreba-01

Рецептот за оваа подмладувачка маска потекнува од личното искуство на познатата глумица Софија Лорен, која изгледа фантастично дури и на 80 години.

Подготовката не е комплицирана, а ефектот е фантастичен.

Состојки:

  • 1 кесичка желатин (10 g)
  • 150 g кајмак (млеко, кефир или јогурт)
  • 1 кафена лажичка глицерин (аптекарски или билен)
  • 1 кафена лажичка мед

Кајмакот е добар за сува кожа на лицето. За нормална кожа повеќе одговара млеко или јогурт, а за мрсна кожа кисело млеко, кефир или немасен јоурт.

Подготовка:

Растворете го желатинот во кајмакот и оставете го во фрижидер 6-8 часа. После тоа, нежно мешајте, загрејте ја смесата на пареа додека желатинот не се растопи. Тргнете ја од шпоретот и додајте мед и глицерин додека мешате.

Почекајте неколку минути додека смесата не се излади малку и нанесете ја на чисто лице, на вратот и деколтето.

Оставете ја 20-25 минути, потоа отстранете ја со хартија или памук, натопен во млеко. Остатокот може да го измиете со топла, па со ладна вода.

Подготовката на маската може да ја чувате во фрижидер  5-7 дена и да ја користите секој ден. Наутро може да ја нанесувате на лицето ладна, да го освежите лицето, а навечер малку загрејте ја во микробранова печка или на водена пара за подобар хранлив ефект.

Ефектите на маската ќе бидат видливи уште по првото нанесување. Желатинот кој е во состав на оваа маска ги затегнува ситните брчки, ја омекнува и ја избелува кожата, ја подобрува циркулацијата.

Исто така има позитивно влијание на протеински и аминокиселински метаболизам  на кожата, бидејќи ја подобрува нејзината состојба.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава