Разубавете се со сода бикарбона

Натриум бикарбонат, кој популарно се нарекува сода бикарбона има широка примена во готвењето, перењето, лекувањето, но и во козметиката. Постојат 4 начини на кои таа може да ве разубави.

razubavete-se-so-cudoto-nareceno-soda-bikarbona-1

Овој чудотворен прав ќе ви помогне да изгледате свежо и разубавено со помош на едноставни домашни маски кои можете да ги направите сами и што е најважно нема да наштетат на вашиот буџет.

Погледнете ги 4-те начини на разубавување со сода:

1. Помешајте сода бикарбона со вода, во однос 3:1  и со нежни движења масирајте го лицето. На тој начин ќе направите благ и ефикасен пилинг, а и доколку имате мозолчиња за кратко време ќе исчезнат.

2. Направете си сопствен шампон за коса со тоа што во едно шишенце шампон ќе додадете ¼ сода бикарбона. Потребно е содата да ја додадете во проѕирен, а не во кремаст шампон.

Ако се брзате и немате време да ја измиете косата, содата бикарбона можете да ја користите како сув шампон, бидејќи таа ќе ги впие маснотиите. Ставете малку од прашокот на темето и исчешлајте ја косата со помош на прстите.

3. За да ги ублажите изгорениците, натопете еден пешкир во раствор од 250 ml вода и 4 кафени лажички сода бикарбона. Добиениот раствор ќе ја извлече жештината од изгореницата.

4. Овој прашок може да ви помогне да имате мека кожа, а за тоа ви е потребна топла купка во која ќе ја растворите сода бикарбоната.

Освен тоа, кога правите домашен педикир, додајте 3 кафени лажички сода бикарбона во топла вода и стапалата ќе ви бидат благодарни. 

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава