Станете сексапилни во 4 клучни чекори

Многумина мислат дека сексапилот е состојба на умот, но сексапилот е „она нешто“ што не може да се дефинира и опишува со зборови, туку е нешто со кое зрачите.

stanete-seksapilni-so-4-klucni-raboti-01

Иако облеката, држењето и другите детали се важни, сексапилот всушност го носите во себе, само треба да знаете да го разбудите.

Одберете ја внимателно облеката – Првенствено разделете го сексапилот од вулгарноста. Нема да бидете секси ако бирате облека со која сè откривате.

Секако дека секој маж ќе се заврти по некое деколте и кратко здолниште, но мистеријата е она што ќе го истакне вашиот сексапил на вистински начин.

Откријте само онолку колку што е доволно за да ја разбранувате неговата фантазија.

Насмевнете се – Повеќето мажи тврдат дека најсексапилни се насмеаните девојки. Шминката и облеката се важни, но насмевката е она што ве прави пристапни.

stanete-seksapilni-so-4-klucni-raboti-1.jpg

Говорот на телото – Жената која оди исправено со благо поткрената глава,  остава впечаток на жена која знае што сака.

Оние кои одат сигурно и бавно кај секого привлекуваат внимание. Со насмевка чекорете како победник и нема некој што не би се завртел без разлика да ли носите високи потпетици или патики.

Зголемете ја самодовербата – Самодовербата е себеприфаќање. Самоуверените личности  се свесни за своите доблести и маани, горди се на себе и знаат што сакаат од животот.

Не ја мешајте самодовербата со ароганцијата, умисленоста или палавоста. Самоуверените личности не се такви.

Да се биде сигурен во себе не значи дека треба да се однесувате лошо кон другите. Кога сте задоволни со себе, тогаш зрачите, а тоа го забележуваат и другите.

Некој се раѓа со тоа, а на некој му треба повеќе време за да стане самоуверен. Низ животот и различните животни ситуации може да ја пронајдете својата самодоверба.

Самоуверените личности се посреќни и посексапилни, па поради тоа вреди да се потрудите.

stanete-seksapilni-so-4-klucni-raboti-2.jpg

Би можело да ве интересира:

7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...
Трендови за маникир што доминираат периодов (и три што веќе застаруваат) Путер жолтиот маникир веќе застарува, но затоа, пак, топлите нијанси на кафе ил ...
Пет грешки поради кои не ви помага ни најскaпиот антиперспирант во лето Ставате антиперспирант неколкупати во текот на денот без да ги исчистите пазувит...

Најчитани неделава