Најефикасна маска за коса против првут и опаѓање

Маската од кромид го снабдува коренот на косата со минерали и витамини. Покрај тоа ја хидрира кожата на главата, спречува опаѓање на косата и ја обновува структурата на влакното.

najefikasna-maska-za-kosa-protiv-prvut-i-opagjanje-01

Оваа маска ќе ви помогне да се ослободите од првутот и седата коса, а ќе ви го подобри и волуменот и сјајот на косата.

Заборавете на козметичките препарати за кои не сте ни сигурни дали вашата коса ќе ги прифати, туку направете сами домашна маска која одговара на сите типови.

Состојки:

  • 2 супени лажици свежо исцеден сок од кромид
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица мајонез
  • 1 супена лажица маслиново масло.

Доколку сакате, наместо мајонез може да додадете рицинусово масло од кое побрзо расте косата и едно јајце, ако имате масна коса.

Подготовка:

Сите состојки мешајте ги додека не добиете компактна смеса која ќе ја втриете во кожата на главата. Ставете капа за туширање или обична кеса, а потоа замотајте околу неа и пешкир.

Ефикасната маска држете ја околу 1 час, а потоа исплакнете ја со топла вода. Препорачливо е маската да ја ставате двапати неделно, на немиена коса, за да добиете позитивни резултати.

Доколку се плашите дека ќе ви остане мирисот на кромидот во косата, не се грижете, бидејќи по вообичаеното миење на косата со шампон и балзам, мирисот ќе исчезне.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава