Секојдневни навики кои може да ви сокријат и до 10 години

Шминката и облеката можат да направат чудо за вашиот изглед, а со овие трикови кои би требало да ги почитува секоја жена, ќе изгледате помладо за 10 години.

10-godini-pomladi-so-mali-promeni-vo-sekojdnevniot-izgled-1  

Не ви е потребно многу за да изгледате млади и свежи, туку со оваа секојдневна рутина за брзо време ќе бидете подготвени за било каков настан.

Годините се само бројка, а со овие трикови таа бројка ќе се намали:

1. Употребувајте подлога (база за шминката)

Жените често прават грешка кога ќе нанесат голема количина на декоративна козметика, надевајќи се дека ќе изгледаат младо. Но, всушност прават да изгледаат постаро, а за да се подмладите потребна ви е подлога во боја. Нанесете ја на образите и челото, на опуштениот дел од кожата, за да изгледате затегнато.

2. Коректор под очите

Една од причините зошто изгледате постаро е заради оние темни подочници кои со годините сѐ повеќе се истакнуваат. Коректорот ќе ви помогне да ги прикриете подочниците, но внимавајте да не претерате, бидејќи бојата под очи не треба да се разликува со останатиот дел од лицето.

3. Одберете облека во согласност со телесната градба

Нема да ве подмлади само лицето, туку и гардеробата. Многу жени престануваат да обрнуваат внимание на облеката која ја носат и затоа изгледаат постаро.

10-godini-pomladi-so-mali-promeni-vo-sekojdnevniot-izgled-2

4. Променете ја фризурата

Со денешната фризура можеби некогаш сте делувале младелашки, но сега тоа е само чиста илузија. Можете да создадете нова илузија, со тоа што ќе ја промените фризурата и ќе пробате нешто сосема поинакво.

5. Корсет

Совршено парче облека за жените во години, но и за оние помладите кои сакаат да се затегнат е дефинитивно корсетот.

6. Кармин за усни во розова боја

Темните усни ви ги истакнуваат проблематичните делови на лицето. Пастелните, мат и светлите нијанси се задолжителни ако сакате да изгледате помладо.

7. Смејте се

Последен, но не и најмалку најважен трик на оваа листа е насмевката. Силата на насмевката е потценета од многу жени, а ако сте насмеани барем 10 минути, тогаш веќе изгледате помладо. 

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...

Најчитани неделава