Зголемете ги усните на природен начин во 6 чекори

Во денешно време кога сите девојки тежнеат кон желбата за побујни усни, одбираат различни хируршки методи за привремено зголемување, а некои од нив се одлучуваат дури на пластична операција и вметнуваат силикони.

zgolemete-gi-usnite-na-priroden-nacin-vo-6-cekori-18.jpg

Силиконите може да опаднат после неколку години, а привременото зголемување чини многу пари.

Затоа најдобро е доколку сакате да постигнете ефект на поголеми и сочни усни, зголемете ги на природен начин во само шест чекори.

Чекор 1: Нанесете камена пудра

Кога нанесувате камена пудра, овој пат не ја изоставувајте устата. Нанесете пудра и на неа бидејќи како подлога, таа ќе го задржи карминот подолго време на вашите усни.


Чекор 2: Исцртајте ги усните со моливче на надворешната линија

Одберете каква нијанса на кармин сакате да нанесете на крајот и почнете да ја исцртувате со моливче една нијанса потемно од тој кармин.

Најефективно ќе биде доколку одберете темно кафеаво моливче. Исцртајте ги усните по нивната надворешна линија се до рабовите, но како што одите по должината на рабовите линијата нека биде потенка.


Чекор 3: Сега исцртајте на внатрешните линии

Ова е најефективниот чекор од сите кои не смеете да го изоставите, бидејќи дава визуелен ефект на полни усни. Исцртајте ги сите линии кои ги гледате во внатрешноста на вашите усни со подтврдо стискање на моливчето.


Чекор 4
: Ставете безбојно лабело

Сигурно се погледнавте во огледало и не ви се допадна тоа што го гледате, усни исцртани со линија, но верувајте дека со наредните чекори ефектот ќе стане повидлив.

Земете безбојно лабело и наместо да ги размачкувате нацртаните линии со прст, размачкајте ги со лабелото.


Чекор 5: Ставете кармин една нијанса посветол од моливчето

Како што е напоменато претходно, карминот треба да биде една нијанса посветол од моливчето за усни. Нанесете го карминот и погледнете го резултатот.


Чекор 6: Ставете сјај за дополнителен ефект

За дополнително истакнување и ефект ставете безбоен сјај на средината на долната усна. Ова е трик кој го употребуваат професионалните шминкери а вие можете да го искористите за да добиете полни усни на кои никој нема да може да им одолее.

zgolemete-gi-usnite-na-priroden-nacin-vo-6-cekori-19.jpg

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...

Најчитани неделава