Најубавите жени ширум светот ги откриваат нивните тајни за убавина

Можете да имате порцелански тен како Јапонките и сјајна коса како Филипинките. Тајните на убавината кои ги користат жените ширум светот веќе со векови се кријат некои трикови и совети кои се различни во различни краеви.

najubavite-zeni-vo-svetot-gi-otkrivaat-nivnite-tajni-01

Кина

Во Кина, младиот и свеж изглед на кожата е најважен, па затоа за Кинеските е задолжителна кремата против брчки. Но, наместо купечките, тие повеќе ги применуваат домашните креми. Според нив, белката од јајцето најдобро ја затегнува кожата, па затоа ја нанесуваат на лицето и ја оставаат да им делува околу 20 минути, па ја измиваат со млака вода.


Јапонија

Многу одамна Јапонките ја користат водата од варениот ориз за миење и нега на лицето. Оризовата вода е полна со антиоксиданси и витамин Е кои се одлични за нега на кожата.


Филипини

Филипинките се познати по убавата густа коса за која најмногу се заслужни добрите гени и негата. Овие егзотични убавици го масираат темето со сок од алое вера, поради што косата им е сјајна, густа и здрава.


Африка

Африканките ги лечат акните со природен сапун кој се прави од листови од палма, пепел, масло од палма, путер и кокосово масло. Овој природен лек се нарекува црн сапун, а ги лечи акните и останатите кожни болести.


Грција

За густите сјајни коси на Гркинките заслужен е рузмаринот. Додека е свеж го варат во зовриена вода, оставаат да се излади, го процедуваат, па потоа го нанесуваат на косата за да го постигнат сјајот и волуменот.


Доминиканска Република

Жените во Доминикана веруваат дека лукот е најдобар природен третман за одржување на цврсти и здрави нокти. Ова е нивниот трик: исечкајте мало чешне лук, ставете го во шишенце со проѕирен лак за нокти. Оставете го да отстои една недела, а потоа секој ден премачкувајте ги ноктите со него. Не грижете се, мирисот на лукот ќе се уништи во лакот.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава