Како бојата на косата ја открива жената?

Како и секоја останата одлука во животот, така и бојата на косата кај жените е од клучно значење. Токму таа може да го издаде карактерот.

kako-bojata-na-kosata-ja-otkriva-zenata-01.jpg

Според толкувањето на мажите бринетите се секогаш весели, русокосите чувствителни, а црвенокосите опасни.

Но, каква е вистината?

Природна русокоса

Само 10% од жените имаат руса коса, па токму затоа тие се сметаат за редок вид во позитивна смисла. Затоа што сè што е ретко е привлечно, така и овие жени - природните русокоси имаат посебен шарм. Често се повлечени затоа што не сакаат да се претопат во масата, но имаат цврсти ставови.

Златнa русокосa

Тешко е да не ви паднат во очи затоа што нивните одлики се следниве - класични, заводливи и елегантни убавици кои се достојни за на црвениот тепих во секој момент. Но, зад мистериозниот сексапил и невиноста често пати се крие забавна личност која обожава да флертува со сите наоколу.

Омбре

Темниот корен кој постепено осветлува е одлика на безгрижните жени. Тие пред сè се практични, баш како и нивната фризура, но и личности кои сакаат предизвици. Она што е претерано сигурно, за нив може да биде одбивно.

Смеѓа

Факт е дека смеѓите девојки се сметаат за најинтелигентни. Најчесто тие имаат зрел карактер, заради што секогаш изгледаат неодоливо паметно. Надарени се за проценување на карактерот од прво гледање, што е голем плус во животот.

Црнокоса

Жените со темни коси претежно се вредни, но мистични. Црнките се сметаат за најкреативни личности кои знаат да изнајдат решение за секоја ситуација. Локните кај црнките исто така се знак за флексибилна личност која лесно се прилагодува на промените.

Костенлива

Баш како и природните русокоси, овие жени се исто така ретки и привлечни. Жените со црвено-смеѓа боја на костен не уживаат најдобра репутација, од непознати причини. Голем дел од луѓето ги доживуваат како жени со задни намери, а често пати и тешко достапни. Сепак, ги красат и позитивни особини како авантуристи и огнени индивидуалци.

Бакарно црвена

Огнено црвената коса е одлика на самоуверените жени, често тврдоглави, одлучни и хиперактивни. Полни се со страст и темперамент, што ги прави едни од најдруштвените. Сакаат кога се во право и кога добиваат пофалби.

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...

Најчитани неделава