Зошто косата ви е ужасна?

Косата е еден од заштитните знаци на многу девојки и момци кои се обидуваат секојдневно да направат истата да изгледа беспрекорно и прекрасно.

zosto-kosata-vi-e-uzasna-1

Ако вие спаѓате меѓу оние личности со ужасна коса, можеби овие се причините поради кои таа изгледа така.

Миење на косата со жешка вода

Не само што жешката вода лошо влијае врз скалпот, туку го тера истиот да лачи повеќе пот и масти од вообичаеното. За промена измијте ја косата со млака вода, веднаш ќе забележите промена.


Диета

Недоволното внесување протеини и витамини кои освен на телото ѝ се потребни и на вашата коса за таа да биде здрава и цврста, може да биде причина поради која вашата коса изгледа ужасно, без сјај и цврстина. Прекинете ја строгата диета која ја држите и помогнете ѝ на косата да изгледа подобро со внесување на потребните материи.


Цврсто врзување на косата во опавче

Цврстото врзување со стегач во опавче може да биде причина за лоша коса, а исто така допридонесува и за нејзиното опаѓање. За промена чувајте ја косата пуштена подолго време без да ја врзете во кок. Така, не само што ќе расте побрзо, туку ќе ја изгуби и безживотноста која се забележува на километри.


Неправилно чешлање

Чешлањето на косата со брзи и насилни потези, посебно во мокра состојба ја уништува вашата коса. Откако ќе ја измиете имајте навика прво да ја исушите со фен, а потоа да ја исчешлате.

zosto-kosata-vi-e-uzasna-3.jpg

Користите пегла и средства за стилизирање

Дозволено е да користите пегла, фигаро и лак за коса, но не секој ден. Тие со високата температура го горат влакното и ги расцветуваат врвовите кои ниедно средство потоа не може да ги врати во првобитната состојба.


Често се чешкате и ја поправате фризурата

Постојаното допирање на косата ја масти истата и прави да изгледа како да не е миена со денови, а исто така и чешкањето. Не само што ќе го поттикнете појавувањето на првутот, вашата коса ќе изгледа ужасно како да не е исчешлана со денови.


Немате редовен секс

Нередовниот секс или апстиненцијата прават вашата коса да изгледа лошо. Затоа, момци и девојки, доколку сакате убава, сјајна и беспрекорна коса имајте редовен секс и повеќе внимавајте на тоа како ја третирате косата секој ден.

zosto-kosata-vi-e-uzasna-2

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава