10 работи кои треба да ги знаете за маскарата

Маскарата е составен дел од шминката на секоја жена, па затоа вреди да ги знаете овие практични совети и трикови кои ќе ви помогнат во нејзиното секојдневно нанесување.

10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-maskarata-01.jpg

1. Не трае вечно

Не заборавајте дека маскарата има рок на траење 3 до 4 месеци по отворањето. Со подолгото користење ризикувате да добиете инфекција на очите.


2. Чувајте ја четката

Кога ќе дојде моментот да ја фрлите маскарата, четката добро измијте ја и сочувајте ја за чешлање на веѓите.


3. Задолжително чистете ја од очите пред спиење

Иако ви изгледа безопасна, оставањето на маскарата може да заврши со паѓање на трепките, како и гребење на рожницата заради острината на влакната.


4. Користете детска пудра како подлога

Ако сакате ефект на погусти трепки, пред да нанесете маскара, трепките напудрете ги со бебешка пудра.


5. Хидрирајте ги трепките

Не заборавајте дека и на нив им треба нега. Пред спиење намачкајте ги со маслиново масло, но внимавајте да не ставите преголема количина која може да му пречи на окото.

10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-maskarata-03.jpg

6. Водоотпорна маскара

Не е препорачлива за секојдневно користење заради тоа што е тешка за чистење и може да ги ослаби трепките.


7. Држете ги очите отворени

Кога нанесувате маската, очите држете ги отворени. Многу ќе ви биде полесно ако ја отворите и устата, заради што тогаш очите потешко ќе трепкаат.


8. Избегнете го размачкувањето

За да не го размачкате капакот, над трепките ставете лажица или чиста картичка, па потоа нанесете маскара.


9. Проѕирна маскара

Откако ќе нанесете маскара во боја, задолжително нанесете безбоен слој која ќе го спречи размачкувањето.


10. Одберете ја вистинската маскара

Пред да купите, размислете што ви треба - волумен, должина или некој друг ефект. Пред да донесете конечна одлука, задолжително проверете ја четката.

10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-maskarata-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...

Најчитани неделава