Испробајте: Природен регенератор за коса од пиво и камилица

Ако во продуктите за коса кои секојдневно ги користите спаѓа вашиот скап регенератор кој не делува баш најдобро, одлучете се за природен регенератор кој може да го направите во домашни услови за само неколку минути.

isprobajte-_priroden-regenerator-za-kosa-od-pivo-i-kamilica-01.jpg

Потребни ќе ви бидат само едно пиво и една кесичка чај од камилица.

Пивото и кесичката чај ставете ги да зовријат во посебни тенџерчиња.

Откако двете ќе зовријат тргнете ги од оган и измешајте ги во шише од веќе испразнет шампон или обично пластично шише од вода.

Вашиот домашен регенератор е готов. Измијте ја косата со млака вода и шампон, а потоа испробајте го.

Оставете да отстои околу две до пет минути на вашата коса и исплакнете повторно со млака вода.

Резултатите ќе бидат неверојатни, бидејќи пивото ќе и даде сјај и ќе го промени безживотниот изглед на косата, додека пак камилицата ќе ја омекне.

Камилицата исто така ќе го спречи првутот, а пивото ќе ви помогне полесно да ја исчешлате косата која нема да ви се заплеткува како порано.

isprobajte-_priroden-regenerator-za-kosa-od-pivo-i-kamilica-02.jpg

Испробајте и споделете ги резултатите во коментарите!

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...

Најчитани неделава